Родители и деца

Домашен компост

Go down

Домашен компост

Пишување by redsonja on 18.11.09 11:05

Еве, нема ваква тема, па решив да ја отворам за да ви го пренесам нашето искуство од дома.
Веќе седум години сите остатоци од храна ги делиме посебно и не ги фрламе со останатото ѓубре. Од нив правиме компост, односно природно органско ѓубриво што го користиме во нашата органска градина во дворот, а и за цвеќињата. Додуша, да бидам искрена со компостот и со градината се занимава маж ми, јас сум морална подршка.
Како и да е, кој има двор и услови, навистина е добра работа да си произведува компост. Постапката е многу едноставна, се добива квалитетно ѓубриво, се намалува загадувањето на околината и количината на комунален отпад што оди на депонија, а и личното задоволство е огромно.
Кога лупиме копири, кримид и друго, како и она што ќе остане од храната, го собираме во посебни садови и го фрламе во двор, во сандук од даски. Таму фрламе и суви лисја и искосена трева, се што е растително. Не мора да се додаваат калифорниски црви, тие сами ќе се дојдат. Не мора ни да се покрива, маж ми понекогаш го покрива со струготини од најлон. Потоа тоа фино си се распаѓа и по неколку месеци се просејува и се добива висококвалитетно природно ѓубриво. Рај за градина. Секако, редовно си се надополнува со нови количини растително ѓубре, тоа воопшто не пречи на распаѓањето.

Компострира ли уште некој на форумов?

Поздрав

flower flower flower
avatar
redsonja
Редовен посетител
Редовен посетител

Female
Број на мислења : 154
Age : 42
Локација : skopje
Расположение : ljubovno
Поени : 17490
Registration date : 2009-06-22

Вратете се на почетокот Go down

Re: Домашен компост

Пишување by Mama Ane on 18.11.09 11:10

Јас имам комшика на која и собирам органско ѓубриво и после си добивам за возврат најубави и највкусни малини на цел свет. Лично немам искуство но вака целиов процес кога гледам и не е така сложено..
avatar
Mama Ane
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 5807
Age : 42
Локација : skopje
Расположение : во неизвесност
Поени : 20806
Registration date : 2008-11-06

Вратете се на почетокот Go down

Re: Домашен компост

Пишување by delfin76 on 18.11.09 11:40

a ne se siri neprijatna mirizba ?
bidejki ako nemas nekoe kose tamu podaleku , da ne bide pod nosot na komsijata , nisto togas
avatar
delfin76
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 2145
Age : 42
Локација : skopje
Расположение : nevoobicaeno za mene
Поени : 19180
Registration date : 2009-02-13

Вратете се на почетокот Go down

Re: Домашен компост

Пишување by redsonja on 18.11.09 12:38

Делфин76 и јас на почетокот си мислев да не смрди, ама верувај, нема апсолутно никаква миризба. Супер е.
Мислам дека денес, кога планетава ни е екстремно загадена, секој вид на управување со отпад и негово нанова употреба се значајни. Од она што го знам, во Дрисла дури 60 отсто од депонираниот е од органско потекло, а се се меша со комуналното ѓубре Органскиот отпад има и исцедок, па кога тој исцедок ќе се измеша со комуналниот смет силно се згадува и оди во почвата каде ги загадува подземните води. Еееееех, кога барем половина град би компосатирал, барем оние што се во куќи...
avatar
redsonja
Редовен посетител
Редовен посетител

Female
Број на мислења : 154
Age : 42
Локација : skopje
Расположение : ljubovno
Поени : 17490
Registration date : 2009-06-22

Вратете се на почетокот Go down

Re: Домашен компост

Пишување by Misticia on 18.11.09 12:48

добра идеја ќе му кажам на мм тој е по дворот и по цвеќињата Smile
сепак мислам дека свекор ми ќе го поништи за ова - уште не сме возрасни
avatar
Misticia
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 1007
Age : 38
Локација : Скопје
Расположение : бррррр
Поени : 19233
Registration date : 2008-08-31

Вратете се на почетокот Go down

Re: Домашен компост

Пишување by lela on 18.11.09 12:51

Ovde ima edno kako gubrivo koe se tura na sekoj red organska hrana i pomaga pobrzo da se raspadne i ne dozvoluva da se siri neprijatna mirizba.Nie se uste nemame no gledajki deka okolu 100 evra godisno plakame za taa bio kanta poisplativo e so kompos nego vaka.
avatar
lela
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 4973
Age : 46
Локација : Germanija
Расположение : bezveza
Поени : 21637
Registration date : 2008-09-14

Вратете се на почетокот Go down

Re: Домашен компост

Пишување by kiki-riki on 18.11.09 21:43

redsonja напиша:
Кога лупиме копири, кримид и друго, како и она што ќе остане од храната, го собираме во посебни садови и го фрламе во двор, во сандук од даски.

flower flower flower
дали под остатоци од храна подразбира чорба на пр. и дали сандакот е во дупка во земја или над површината?
avatar
kiki-riki
Ветеран
Ветеран

Female
Број на мислења : 768
Age : 38
Локација : мак
Поени : 17195
Registration date : 2009-09-29

Вратете се на почетокот Go down

Re: Домашен компост

Пишување by biljanag on 18.11.09 22:07

moite se frlaat vo dupka se sto se raspaga od hrana do korenja i sl
pred nekolku dena imase na tv emisija posebna so nekoja fima koja e od stranstvo i dava brosuri za pravilno kompostiranje bese napomenato deka treba vo drveni senduci nad zemja eden red suvo (lisja suvi treva iskosena i sl) eden red mokro znaci otpad jadenje i sl
edinstveno sto nesmee da se stava poradi otrovi se listovi od orev i granki od zimzeleni drvja
avatar
biljanag
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 2086
Age : 39
Локација : skopje, makedonija
Расположение : арно убаво
Поени : 20637
Registration date : 2008-01-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Домашен компост

Пишување by kiki-riki on 18.11.09 22:43

фала за информацијата, ќе го научам нешто агрономот мој
avatar
kiki-riki
Ветеран
Ветеран

Female
Број на мислења : 768
Age : 38
Локација : мак
Поени : 17195
Registration date : 2009-09-29

Вратете се на почетокот Go down

Re: Домашен компост

Пишување by Janicka on 19.11.09 11:41

Osnoven uslov za dobar kompost e raznovidnost na smesata za kompostiranje a se postignuva so mesanje na otpadni materii od dve grupi-zelena i kafeava komponenta vo kompostniot kup.
Zelena komponenta sodrzi: 1. ostatoci od ovosje i zelencuk 2. ostatoci od kafe, caj i filtrite 3. svezi(zeleni)lisja 4. zeleni rastenija 5. lastari i ziva ograda 6. buketi cveke 7. perduvi 8. rasipan sok
Kafeava komponenta sodrzi
1. suvi esenski lisja i suvi rastenija 2. sitni grancinja i drveni delcinja 3. struganici 4. isitneti vesnici (vez glazura i boi) 5. luspi od jajca 6. kocani od pcenka 7. leb i zitni zrna 8. pepel od drva 9. stara zemja od saksija 10. salfeti i hartija od hrana 11. bra[no, cerealii, grav, rastitelni zacini 12. luspi od orevi 13. seno i slama

Sto ne se kompostira
1. ostatoci od meso i riba 2. sirenje i mlecni proizvodi 3. masti i masla 4. fekalii od zivotni 5. mrtvi zivotni 6. golemi, neisitneti granki 7. delovi od star namestaj 8. seme od plevel 9. bolni rastenija 10. rastenija tretirani so pesticidi 11. metal, plastika, staklo, tekstil

Ako kompostniot kup razviva neprijatna mirizba znaci deka nema dovolno vozduh, odnosno ima premnogu vlaga, treba da se prevrti i izmesa i odozgora da se dodadat suvi lisja, struganici ili slama.

Janicka
Редовен посетител
Редовен посетител

Female
Број на мислења : 102
Age : 39
Локација : Sk
Поени : 18423
Registration date : 2008-12-01

Вратете се на почетокот Go down

Re: Домашен компост

Пишување by Ves on 21.11.09 23:28

Ништо не фрламе од остатоци од храна ,лушпи , лисје, и.т.н.Се тоа го собирам во посебен сад и секојдневно оди за исхрана на домашни животни. Остатоци од животинско потекло , коски , кожа ги даваме на комшии кои чуваат куче. Да не е вака , тогаш би компостирале.Би било добро секој кој има шанса правилно да ги искористи овие остатоци  наместо се да се фрла во контејнер.

Ves
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 1410
Age : 40
Локација : Насекаде по малку
Расположение : Многу гушкање!!!!!!!
Поени : 19562
Registration date : 2008-09-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Домашен компост

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот