Родители и деца

Денес е Покровот на Пресвета Богородица!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Денес е Покровот на Пресвета Богородица!

Пишување by lavce on 14.10.09 13:52

Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше Св. Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружен со апостоли, светители, маченици и девици. Гледајќи го тоа видение Св. Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се ужаснувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нѐ потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.

Нека ни е напомош и за многу години!
avatar
lavce
Ветеран
Ветеран

Female
Број на мислења : 920
Age : 36
Локација : Skopje
Расположение : kako EHG na srce
Поени : 16696
Registration date : 2009-04-24

Вратете се на почетокот Go down

Re: Денес е Покровот на Пресвета Богородица!

Пишување by sonjamfk on 14.10.09 14:09

neka ni e na pomos i da go slavime mnogu godini.
avatar
sonjamfk
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 2640
Age : 53
Локација : skopje
Поени : 18023
Registration date : 2008-07-28

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот