Родители и деца
Не можете да се регистрирате на форумот бидејќи истиот е префрлен на сајтот

www.roditeliideca.com.mk



 
HomeHome    Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Share | 
 

 Стручни совети од областа на Психијатријата!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next
АвторПорака
jas.and
Случаен минувач
Случаен минувач


Male
Број на мислења: 17
Age: 38
Локација: skopje
Поени: 9628
Registration date: 2009-07-20

ПишувањеПредмет: opstipacija kako psihicki problem   20.07.09 15:07

Imam kerka od 4 god. i veke 2 god. ne maci problemot so kakanjeto, ne saka da odi da kaka, se stega i taka so denovi , i koga veke nema da moze da go dodrži toa e so placenje , i e golemo tvrdo, bevme i na hirurgija duri ni rece doktorot da pie parafinsko maslo , od toa , nekoi ni vikaa psihicki problem, navistina ne znam sto da pravam, kade sto ke slusnam ja nosam, i davam i sirupi, am ane saka se stega, inaku ne veruvam deka stolicat ake i bide tvrda.
Ve molam za pomos
Вратете се на почетокот Go down
др. Благоја Стевановски
ВИП личност
ВИП личност


Male
Број на мислења: 83
Age: 44
Локација: Скопје
Расположение: како на психијатар
Поени: 10116
Registration date: 2009-04-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   20.07.09 17:07

Биљанааг во основа претпоставувам дека не станува збор за некакво негативно влијание на родителите врз вашиот сопруг туку за некој интрапсихички проблем кој што го измачува сопругот бидејќи добро ја опишавте неговата состојба за која велите дека е помалку занесен, деконцентриран, окупиран со обврските кои делумно го отргнуваат од проблемите, но и постои реална причина која се случила во минатото и прашање е колку тој ја надминал тагата за својот брат со кој бил многу поврзан. Моја сугестија е дека проблемот е кај сопругот и кај него треба да се решава. Убедете го да побара стручна помош кај стручно лице со ваша подршка. Поздрав
Вратете се на почетокот Go down
др. Благоја Стевановски
ВИП личност
ВИП личност


Male
Број на мислења: 83
Age: 44
Локација: Скопје
Расположение: како на психијатар
Поени: 10116
Registration date: 2009-04-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   20.07.09 17:30

Мамичка неможам да претпоставам во колкава мерка и во каков интензитет е вашата љубомора кон вашиот сопруг, но штом вие чувствувате оптеретување сигурно веќе е и проблем. Проблемот на љубомората во основа е проблем на самата личност која ја доживува. Но доколку е заснована на реална провокација од другата страна во тој случај преставува апел феномен на загрозената страна за подобрување на релациите меѓу партнерите. Ви предлагам во состојба на подобро расположение со сопругот да поразговарате за оваа нова состојба која ја доживувате и да му објасните дека сте само загрижени за она што го приметувате и ве оптеретува, па ако може и сака да сподели со вас вашиот сопруг и да ви објасни зошто така се чувствува. Проблемот можеби е безначаен. Проблемите секогаш постојат но можат и треба да се решаваат со споделување или барање помош. Што се однесува до изневерувањето во една релација не треба да се секирате ако релацијата во партнерските односи е во стабилна состојба. Чинот на изневерување преставува кулминација на една нестабилна релација меѓу партнерите и проблемот треба да се решава поназад во меѓупартнерските односи. Зајакнете ја вашата релација со повеќе разговор и потрудете се да ја почуствувате потребата на сопругот за да бидете во подобра кондиција. Поздрав.
Вратете се на почетокот Go down
др. Благоја Стевановски
ВИП личност
ВИП личност


Male
Број на мислења: 83
Age: 44
Локација: Скопје
Расположение: како на психијатар
Поени: 10116
Registration date: 2009-04-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   20.07.09 17:40

Светлана Василевска без да се плашите очигледно е дека вашиот син има некој психички проблем според она што го опишувате, затоа најдобро според мене да побарате стручна помош и да го види стручно лице па да ја процени состојбата. Вака податоците се оскудни, потребни се поопширни податоци од вас и од синот и евентуално дополнителни иследувања. Не се плашете но и не чекајте. Јас сум до среда отсутен веќе во четврток и натака сум слободен за закажување. Јавете се доколку сакате на 02 3212723 и закажете кај сестрата во ординација. Поздрав
Вратете се на почетокот Go down
sneze
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 2129
Age: 35
Локација: skopje
Расположение: ок
Поени: 11629
Registration date: 2008-11-21

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   21.07.09 10:46

Син ми има 2год и 7 месеци но сеуште не збори . Има периоди кога збори само баба , или мама . Прозборе на 4 месеци -мама, баба, деде, тата, ајде . И постепено го намали фонтот на зборови . Разбира кога ќе му кажам дојди кај мама или дај ми го шишето,ајде да смениме пелени и си легнува на креветот, ми ги дава сандалките за надвор или пелената за да го успијам. Многу е плашлив од непознати и вришти до бесвест , никој не смее да му се обрати , не сака да оди сам надвор и повеќе ни е во рацеа тежок е да го носам, а дома не можеме да го сопреме постојано трча и се качува насекаде.
Кажете што да правам , не го примаат во градинка дека е плашлив , не можам ни по гости да го носам оти е плашлив и неможам да му објаснам ништо а и да ми каже, зошто не збори.
Поздрав голем ...........
Вратете се на почетокот Go down
др. Благоја Стевановски
ВИП личност
ВИП личност


Male
Број на мислења: 83
Age: 44
Локација: Скопје
Расположение: како на психијатар
Поени: 10116
Registration date: 2009-04-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   23.07.09 0:07

Мајка со оглед на фактот дека сте исклучиле органска причина за проблемот со какањето и сте биле и на други доктори најверојатно причината може да биде психолошка. Имено децата во својот психолошки развој поминуваат низ неколку фази во своето детство, па една од нив или втора по ред од раѓање е и аналната фаза. Во оваа фаза детето го осознава процесот на какањето како момент на доживување на задоволство дури до степен на оргазмично доживување(ако се нормално се развива), но и момент од животот во кој може да го контролира испуштањето или задржувањето на фецесот во дебелото црево, а со цел да направи одредена манипулација во функција на одредена корист или да покаже отпор кон родителите за одредена нивна неадекватна постапка. Имено ако родителите се премногу строги во тој период кога треба да научи да кака (нареднички се однесуваат, насила го тераат да кака, го караат ако се искака во гаќички,..) и на детето му го скратуваат доживувањето на задоволство тоа реагира со промена во начинот на какањето и покажува дека се спротиставува на таквиот однос. Ова консекутивно води до тврда столица, болно какање, болки во стомакот и подоцна до страв од какање. Мојата сугестија е да пробате со потолерантен однос кон детето, да допуштите да се искака и во гаќички и да помине без карање(а да не зборувам и за тепање),посветете и повеќе внимание во моментите на какање(бидете покрај детето), во почетокот давајте средства што го олеснуваат какањето и мислам дека детето полека ќе успее да ја надмине оваа анална фаза од животот. Поздрав
Вратете се на почетокот Go down
jas.and
Случаен минувач
Случаен минувач


Male
Број на мислења: 17
Age: 38
Локација: skopje
Поени: 9628
Registration date: 2009-07-20

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   23.07.09 9:17

Vi blagodaram na sovetot, navistina neynam sto se sluci, jas sum na rabot ado 5 , i nikogas ne sum ja prisiluvala da sedne na nokšir, am akoga ke dojdev doma noksirot se bese na sred soba, ....
Vi blagodaram uste ednas
Вратете се на почетокот Go down
rainbow
Искусен член
Искусен член


Female
Број на мислења: 340
Age: 26
Локација: Bitola
Расположение: podobro :)
Поени: 10120
Registration date: 2009-05-30

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   23.07.09 10:01

dr Stevanovski jas sakam da ve prasam za mojot strav od nesreki i smrt na bliskite..porano pomisluvav na toa ama normalno kako site luge no poslednava godina nasabajle i navecer postojano mislam na toa i nekogas sama si zamisluvam deka imam pretcuvstvo deka nesto loso ke se sluci a najmnogu go pravam toa kon mojot 11 godisen brat koj postojano sakam da go zastitam ,ne sakam da odi nigde sam,duri bese skolskata godina sakav sekoe sabajle da go odnesam do uciliste pa duri i ako zadocnam na fakultet ne mi bese vazno.isto taka se plasam od patuvanje(od vozenje so kola,so voz,so avtobus)i ako saka nekoj blizok da patuva negde jas se trudam da go ubedam da ne odi a ne znam ni samata zosto go pravam toa. navecer osobeno mi pominuvaat strasni sliki i misli niz glavata i sekogas si mislam na najlosoto.a za mene voopsto nemam pomisleno na takvo nesto za mene ne se plasam samo se plasam za bliskite. fala
Вратете се на почетокот Go down
svetlana vasileska
Случаен минувач
Случаен минувач


Female
Број на мислења: 2
Age: 51
Локација: Skopje
Расположение: zagrizena
Поени: 9627
Registration date: 2009-07-17

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   23.07.09 11:40

др. Благоја Стевановски напиша:
Светлана Василевска без да се плашите очигледно е дека вашиот син има некој психички проблем според она што го опишувате, затоа најдобро според мене да побарате стручна помош и да го види стручно лице па да ја процени состојбата. Вака податоците се оскудни, потребни се поопширни податоци од вас и од синот и евентуално дополнителни иследувања. Не се плашете но и не чекајте. Јас сум до среда отсутен веќе во четврток и натака сум слободен за закажување. Јавете се доколку сакате на 02 3212723 и закажете кај сестрата во ординација. Поздрав
Blagoaram
Вратете се на почетокот Go down
Snezana O.
Случаен минувач
Случаен минувач


Female
Број на мислења: 75
Age: 36
Локација: Ohrid
Поени: 9823
Registration date: 2009-07-03

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   23.07.09 18:26

Od asentra polovina od 50 mg. pocnav da pijam cetvrtina.Dali doktore toa e znak deka mozam da prekinam so terapijava bidejki i od cetvrtina jas se custvuvam dobro.
Вратете се на почетокот Go down
др. Благоја Стевановски
ВИП личност
ВИП личност


Male
Број на мислења: 83
Age: 44
Локација: Скопје
Расположение: како на психијатар
Поени: 10116
Registration date: 2009-04-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   23.07.09 21:34

Снеже постојат разни вариетети во психофизичкиот развој кај децата, има случаи и кога децата покасно почнуваат да зборуваат, или проодуваат, или слични други квалитетит и тоа е индивидуално. Колку што можам да сфатам во вашиов случај синчето мислам дека не пројавува други знаци на заостанатост бидејќи велите дека дома е спонтано немирно и добро се чувствува освен тоа дека послабо зборува и многу се плаши. Стравот е нормална емоција за детето во овој период бидејќи го осознава како таков, а тоа што е пренагласен може да биде во прилог на страв од отфрлање од родителите односно потреба за повеќе внимание од страна на родителите и поголема сигурност и чувство на заштита. Потрудете се кон синчето со повеќе внимание и толеранција за неговото чувствување, а некои деца се едноставно такви и како такви ќе ги памтиме кога ќе пораснат. Можете да консултирате педијатар и логопед да се исклучи некоја механичка пречка за говорот. Поздрав
Вратете се на почетокот Go down
др. Благоја Стевановски
ВИП личност
ВИП личност


Male
Број на мислења: 83
Age: 44
Локација: Скопје
Расположение: како на психијатар
Поени: 10116
Registration date: 2009-04-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   23.07.09 21:52

Реинбоу стравот веќе претходно кажав како емоција се осознава уште од раното детство и постои кај секого помалку или повеќе. Но во услови кога ќе добие на интензитет и е предизвикан од одредена појава, ситуација или поим во тој случај се вика фобија и е проблем за индивидуата. Страв како проблем најчесто е условен од некоја преживеана траума или конфликт во поблиско или подалечно минато која не е разрешена кај личноста туку само прекриена и потисната во минатото. Во ваков случај ситуации кој се асоцираат со неразрешениот конфликт најчесто предизвикуваат интензивно чувство на страв на несвесно ниво кај личноста и бегство и одбрана од таквите ситуации како одбран механизам на привремено решавање на конфликтот. Затоа е неопходно разговор со стручно лице доколку интензитетот на стравот е во голема мерка и и прави проблем на личноста во секојдневниот живот. Одлуката за тоа треба да ја донесете сами. Поздрав.
Вратете се на почетокот Go down
др. Благоја Стевановски
ВИП личност
ВИП личност


Male
Број на мислења: 83
Age: 44
Локација: Скопје
Расположение: како на психијатар
Поени: 10116
Registration date: 2009-04-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   23.07.09 22:02

Снежана О. одговорив на ова прашање дека асентрата можеш да ја прекинеш ако се чувствуваш добро, но свесен сум дека кај тебе постои и ризик фактор(провокација ) која може да ти повлијае на состојбата па затоа мораш да се потрудиш да ја решаваш и основната состојба во семејството за која пишувавме претходно. Поздрав.
Вратете се на почетокот Go down
Snezana O.
Случаен минувач
Случаен минувач


Female
Број на мислења: 75
Age: 36
Локација: Ohrid
Поени: 9823
Registration date: 2009-07-03

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   23.07.09 23:16

Ok doktore,samo me interesira dali e normalno da custvuvam gadenje i vrtoglavica od koga ja namaliv dozata na cetvrtina?
Вратете се на почетокот Go down
др. Благоја Стевановски
ВИП личност
ВИП личност


Male
Број на мислења: 83
Age: 44
Локација: Скопје
Расположение: како на психијатар
Поени: 10116
Registration date: 2009-04-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   25.07.09 0:21

Снежана О. со оглед на фактот дека ја пиеш подолго време асентрата може да биде појавата на симптомите условена од намалување на дозата, но тоа е небитно и брзо треба да помине бидејќи намалувањето е постепено. Поздрав
Вратете се на почетокот Go down
Snezana O.
Случаен минувач
Случаен минувач


Female
Број на мислења: 75
Age: 36
Локација: Ohrid
Поени: 9823
Registration date: 2009-07-03

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   25.07.09 22:56

Doktore mozebi sum dosadna so prasanjata,megutoa sum premnogu zadovolna od vasite odgovori i moram da vi postavam uste nekoe prasanje.Na sto se dolzi tvrdoto spienje navecer,postojano maz mi stanuva za deteto i izleguva deka jas nemam majcinsko custvo za deteto(sto ne e tocno),da ve potsetam deka pijam cetvrt asentra i isto taka sum i pusac,pa dali e mozno i od cigarite da e ovaa situacija?Vi blagodaram.
Вратете се на почетокот Go down
др. Благоја Стевановски
ВИП личност
ВИП личност


Male
Број на мислења: 83
Age: 44
Локација: Скопје
Расположение: како на психијатар
Поени: 10116
Registration date: 2009-04-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   27.07.09 0:19

Снежана О. тоа што спиете цврсто и имате добар сон не е лоша работа, напротив му давате можност на мозокот и телото подобро да се одмори и некои луѓе индивидуално го имаат ова својство. Во текот на сонот преовладуваат две фази едната е со површно спиење кога се движат очните булбуси(РЕМ фаза) и другата е со подлабоко спиење кога не се движат очните булбуси (НОН РЕМ фаза). Обете фази наизменично се менуваат и траат различно време и индивидуално се условени кај различни личности. Спиењето почнува и завршува со РЕМ фазата. Кај вас очигледно доминира НОН РЕМ фазата каде спиете поцврсто и потешко ги доживувате надворешните влијанија. Но може да се потрудите да се репрограмирате условно кажано за да спиете понекогаш полесно ако пред заспивање мислите на тоа дека треба да станувате понекогаш како скриена порака на мозокот која може да ја аксептира. Само пробајте без оптеретување. Инаку тоа нема никаква врска со мајчинството, најверојатно на сопругот му пречат други работи за кои нецелосно сте споделиле. Поздрав и разговарајте меѓусебно повеќе и споделувајте за да можете што повеќе проблеми да решите. Проблемите постојат секогаш и секаде, но треба да се решаваат.
Вратете се на почетокот Go down
keri
Случаен минувач
Случаен минувач


Female
Број на мислења: 1
Age: 39
Локација: tuka nekade
Поени: 9576
Registration date: 2009-07-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   27.07.09 13:40

Pozdrav do vas doktore.Mene me interesira dali moze da se izlekuva psihickata zavisnost od nekoj lek?
Вратете се на почетокот Go down
Snezana O.
Случаен минувач
Случаен минувач


Female
Број на мислења: 75
Age: 36
Локација: Ohrid
Поени: 9823
Registration date: 2009-07-03

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   27.07.09 16:50

Vi blagodaram doktore za iscrpnite odgovori,premnogu sum zadovolna od vas.Da bev poblisku ke ja posetev vasata ordinacija,ako imam moznost ke go napravam toa.
Вратете се на почетокот Go down
др. Благоја Стевановски
ВИП личност
ВИП личност


Male
Број на мислења: 83
Age: 44
Локација: Скопје
Расположение: како на психијатар
Поени: 10116
Registration date: 2009-04-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   29.07.09 11:32

Психичката зависност од лекови може да се излекува но во основа зависи од повеќе фактори, видот на лекот, должината на зависностса, мотивираност на пациентот, семејна подршка,професионален третман и др. Пристапот треба да биде системски во повеќе аспекти како што наведов и да се води од стручно лице. Поздрав.
Вратете се на почетокот Go down
Snezana O.
Случаен минувач
Случаен минувач


Female
Број на мислења: 75
Age: 36
Локација: Ohrid
Поени: 9823
Registration date: 2009-07-03

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   30.07.09 0:33

Pred da pocnam da ja pijam asentrata,toa bese pred 8 meseci,custvuvav vo odrdeni momenti vo tekot na denot,neobjasnivo cuvstvo kako da propagam,odnosno kako da nesto mi se slucuva vo glavata,eden vid na vrtoglavica,koja ne mozam da ja objasnam so zborovi.So tek na vreme,koga pocnav da ja pijam asentrata mi iscezna toa neobjaslivo nesto.Eve veke 4 dena ne ja pijam asentrata i povtorno pocnuva da mi se pojavuva toa.Mozete li doktore da mi objasnite sto e toa?
Вратете се на почетокот Go down
др. Благоја Стевановски
ВИП личност
ВИП личност


Male
Број на мислења: 83
Age: 44
Локација: Скопје
Расположение: како на психијатар
Поени: 10116
Registration date: 2009-04-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   03.08.09 0:01

Снежана очигледно дека сте премногу оптеретени со вашата психичка состојба и врзани поради тоа за лекот кој сте го користеле толку време. Со оглед на фактот дека прекинувањето на лекот колку што знам одеше постепено и долготрајно мислам дека симптомите што ги чувстувате не ви се од прекинот на лекот туку се од психолошка природа односно чувство на страв дека повторно ќе ви се повтори истата состојба. Ви сугерирам да се обидете да не мислите на тоа и едноставно оставете ги работите спонтано да се развиваат. Поздрав
Вратете се на почетокот Go down
Ves
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 1410
Age: 36
Локација: Насекаде по малку
Расположение: Многу гушкање!!!!!!!
Поени: 11997
Registration date: 2008-09-16

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   03.08.09 12:20

rainbow напиша:
dr Stevanovski jas sakam da ve prasam za mojot strav od nesreki i smrt na bliskite..porano pomisluvav na toa ama normalno kako site luge no poslednava godina nasabajle i navecer postojano mislam na toa i nekogas sama si zamisluvam deka imam pretcuvstvo deka nesto loso ke se sluci a najmnogu go pravam toa kon mojot 11 godisen brat koj postojano sakam da go zastitam ,ne sakam da odi nigde sam,duri bese skolskata godina sakav sekoe sabajle da go odnesam do uciliste pa duri i ako zadocnam na fakultet ne mi bese vazno.isto taka se plasam od patuvanje(od vozenje so kola,so voz,so avtobus)i ako saka nekoj blizok da patuva negde jas se trudam da go ubedam da ne odi a ne znam ni samata zosto go pravam toa. navecer osobeno mi pominuvaat strasni sliki i misli niz glavata i sekogas si mislam na najlosoto.a za mene voopsto nemam pomisleno na takvo nesto za mene ne se plasam samo se plasam za bliskite. fala

Draga rainbou, verojatno pominuvas niz faza na poveke od potrebna zagrizenost za bezbednosta na najbliskite .Ti se slucuva vo ovoj period od zivotot zasto sega mnogu podlaboko osoznavas za mnogu nepredvidlivosti i nesreki koi ne demnat site .No nemoj da se voznemiruvas i da dozvoluvas da premine vo poveke od opsesija , Ke pomine ako poveke razmisluvas i razgovaras za toa kolku ubavi nesta im se slucuvaat na lugeto koga patuvaat , istrazuvaat, zapoznavat novi luge , pominuvaat vreme so prijateli , uzivaat vo poseta na novi nesta i mesta. Obidi se poveke da mislis za ubavata strana na zivotot i za tebe i za tvoite najbliski , posebno za tvoeto bratce, super sto si grizliva i dobra sestra koja mu posakuva samo najdobro, no oslobodi se od negativnite misli i ubedi se sebesi deka ako odi sam na uciliste toj ke stane mnogu ponezavisen , posilen i podobro ke se spravuva so rizicite na koi naiduvaat site deca i na ulica i nasekade.
Izvini sto si dozvoliv vaka direktno da ti se obratam ama jas sum edna licnost koja vo eden period od zivotot ( na slicna vozrast ko tebe ) gi zapostavi svoite ambicii i zelbi mislejki deka treba premnogu da se grizi za svoeto semejstvo , t.e . deka bratot ne moze sam da se sooci so svoite problemi so koi vsusnost site se soocuvame ,zatoa malku poopusteno, realno i so mnogu pozitivnost , ke bides posrekna i ti i drugite .
Вратете се на почетокот Go down
Misticia
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 1007
Age: 34
Локација: Скопје
Расположение: бррррр
Поени: 11668
Registration date: 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   11.08.09 9:49

Докторе јас некаде после први дознав дека сум бремена и од тогаш почнав да сонувам
До сега не сонував едно долго време само спиев и одмарав, а сега секоја ноќ како да гледам по сто луѓе непознати познати, места разни претежно грди, нешто брзам во соновите
и кога ќе станам изморена сум..........
Сакам да знам што да правам за да спијам помирно
Вратете се на почетокот Go down
др. Благоја Стевановски
ВИП личност
ВИП личност


Male
Број на мислења: 83
Age: 44
Локација: Скопје
Расположение: како на психијатар
Поени: 10116
Registration date: 2009-04-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Психијатријата!   11.08.09 12:35

Мистиција нека ти е со среќа бременоста и лесно да ја износиш и ова е добра причина да се опуштиш и убаво и среќно да се чувствуваш. Ти си во блажена состојба на која и боговите во римската митологија и се соблазнуваат и радуваат. Што се однесува до сонувањето нормално е кога човек сонува и добро е кога сонува и има што да сонува. Најчесто сонот е одраз на човековите доживувања во јавето или човековите мечти и нивна преработка и доработка бидејќи во сон човекот има целосна дезинхибиција во постапките од неговото супер его и може да си дозволи работи кој на јаве не би ги дозволил. Така да воопшто не се секирај што сонуваш тоа е добро одколку да не сонуваш ништо, а тоа што сонуваш премногу е период кој ќе помине. Голем поздрав и мисли и доживувај го плодот во себе со своите емоции бидејќи тоа е индивидуа од самото зачнување кога започнува и емотивниот развој.
Вратете се на почетокот Go down
 

Стручни совети од областа на Психијатријата!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 8Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Родители и деца :: -