Родители и деца

Свински грип !!

Страна 39 of 40 Previous  1 ... 21 ... 38, 39, 40  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by Mama Vase on 23.11.09 19:14

go gledav dr.danilovski ili taka nesto bese na telma i na kanal 5.kolku sum se smeela,lele majko.covekov onaka fin,ama edno zakluciv.tie takvite kako nego so dusa cekaat vakva rabota da se desi za da imaat pole za rabota.niv im e interesno,vo film se vlezeni totalno.da imaat pandemija na virus vo nivniot raboten vek a do sega samo teoretski rabotele.
i si raskazuva covekov i vika,,pa zosto krevate volku panika ova e normalen proces na zemjinata topka.tie mali mikro zivotinki si go baraat svoeto mesto na zemjata,mesto pod sonceto.probajte da razberete.od edna strana covekot od druga strana tie.se dodeka ne se udomat nema da prestanat.,,
rabotava kao pa ne mu e tesko i na nego,na virusot.
mislis playstation si igraat
avatar
Mama Vase
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 1437
Age : 41
Локација : Skopje,MK
Поени : 17419
Registration date : 2009-03-17

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by Janaxxxx on 23.11.09 20:47

Jas pijam Spirulina tamleti od damna ne radi gripov tuku opsto go zajaknuvaat imunitetot a i pisuva deka stitat od virusi pa moze bi ke me zastitat i od SG!
avatar
Janaxxxx
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 1005
Age : 35
Локација : Nekade po Evropa!
Расположение : Ubavo
Поени : 17233
Registration date : 2008-11-02

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by Emi on 23.11.09 20:56

Mama Vase напиша:
mislis playstation si igraat

neznaeme vo neizvosnost sme koj ke pobedi
avatar
Emi
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 7238
Age : 34
Локација : domce so nence
Расположение : ok
Поени : 19541
Registration date : 2007-11-19

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by kalinche70 on 23.11.09 21:47

ме насмеавте а ич не ми беше до смеење....се надеваме луѓето ќе победат

kalinche70
Искусен член
Искусен член

Female
Број на мислења : 534
Age : 47
Локација : sk
Поени : 15669
Registration date : 2009-09-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by redsonja on 24.11.09 10:39

Поздрав друштво.
Еве еден линк од денешен блиц на тема: 50 прашања и одговори за свинскиот грип.

http://www.blic.rs/temadana.php?id=121910

Некоја добра душа ги превела работиоте, па еве на нашки:
Текстот е долг, но информациите се корисни

******

Што е вирусот H1N1 како се пренесува и како се лечи
Се за новиот грип - 50 прашања и одговори

Вирусот
1. Дали H1N1 е поопасен од другите вируси на грип?
- До сега се покажал помалку агресивен од останатите вируси на грип, освен во ретки случаи, но многу е заразен.
2. Зошто е позаразен од сезонскиот грип?
- Се работи за нов вирус, што значи дека наоѓа лица без антитела кои би го препознале. Постарите лица помалку се погодени бидејќи во минатото се ширеле слични вируси, па имаат делумен имунитет.
3. H1N1 е сроден со вирусот на шпанскиот грип?
- Вирусот кружи меѓу луѓето над 90 години. Се појавувал меѓу 1957 и 1976, но продолжил да се шири меѓу свињите, а потоа во 1977 се појавил кај човекот. Потоа произвел хибриди на генетски план, со делови од свинско, птичјо и човечко потекло.
4. Дали поради таа мешавина овој вирус е толку опасен?
- Вирусите стануваат опасни бидејќи го менуваат својот антигенетски профил, кој нашиот имунитет не го препознава. Најопасни се ако стекнат способност да предизвикаат воспалителен процес во организмот. Овој вирус изгледа нема такви способности поради кои шпанскиот и птичјиот грип се толку смртоносни.
5. Дали фактот дека H1N1 не е сосема нов претставува предност за имунолошкиот систем?
- Тоа би значело дека постои дискретно ниво на природен имунитет; тоа го потврдуваат симптомите кои се благи.
6. Кое е можното потекло на овој вирус?
- Вирусолозите укажуваат на ризик од неприродна забрзана еволутивна појава на вирусот, поради условите на одгледување на стоката и употребата на вакцините кај животните.
7. Зошто H1N1 повеќе ги напаѓа младите од постарите лица?
- Многу вируси често ги напаѓаат младите и силни лица. Се покажа дека новите вируси на грип може да убијат пред се затоа што предизвикуваат големи воспалителни реакции.
8. Што може да се заклучи од досегашната пандемија?
- Од времето на шпанскиот грип, а птичјиот грип тоа го потврди, може да се заклучи дека младите лица на новиот вирус реагираат бурно и дека младите плаќаат највисока цена.
9. Колкава е смртноста во земјите каде H1N1 е раширен?
- Ниска: еден до двајца на илјада лица, а ширењето на болеста е од пет до седум проценти од популацијата.
10 . Кога епидемијата ќе стигне до врвот?
- Невозможно е да се каже дали ќе се појават уште бранови и кога.
11. Како се пренесува вирусот?
- Основниот начин на ширење на заразата е преку капки, преку кашлање и кивање. Може да се пренесе и со бакнеж.

Заразата
12. На кои места можеме да се заразиме?
- Секаде каде што има многу луѓе - јавни собири, градски превоз, кина... Пред се во топли и влажни простории - теретани или базени.
13. Какви хигиенски мерки можеме да превземеме?
- Покрај честото миење на рацете со вода и сапун, добро е да се користат маски и ракавици; треба да се покрие носот и устата кога кашламе или киваме, и потоа да ги испереме рацете; устата и носот треба да ги бришеме со палома; треба да избегнуваме да ги допираме очите, носот и устата.
14. Колку време поминува од моментот на заразата до првите симптоми?
- Од еден до четири дена, во просек два дена.
15. Колку дена инфицираното лице е заразно?
- Искуствата покажуваат дека треба да се остане дома седум дена од почетокот на појавата на симптомите за да не се шири вирусот понатаму.
16. Дали нападите на грозница или температура, типичната настинка, го зголемуваат ризикот од заболување?
- Температурата го погодува вирусот бидејќи ја блокира континуираната ерозија на секретите во респираторните органи. Значи, сепак е подобро да се стоплите но не премногу?
17. Како да се заштитам од лица кои киваат и кашлаат?
- Оддалечете се еден метар од тие лица, да не ги допираме очите, носот и устата и често да ги миеме рацете.
18. Дали ракувањето со заразено лице е опасно?
- По бакнежите, ракувањето е најризично за пренесување на вирусот. Треба често да се мијат рацете.
19. Дали заштитува маската за лице?
- Хируршката маска доволно заштитува, додека маските со филтер предизвикуваат нелагодност, комплицирани се и можат да предизвикаат алергија.
avatar
redsonja
Редовен посетител
Редовен посетител

Female
Број на мислења : 154
Age : 41
Локација : skopje
Расположение : ljubovno
Поени : 15835
Registration date : 2009-06-22

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by redsonja on 24.11.09 10:44

Еве го продолжението:

Децата
20. Како децата во училиштата да ја избегнат заразата?
- Објаснете им дека мора често и темелно да ги мијат рацете со вода и сапун. Треба да се почитуваат основните хигиенски правила, да се покриваат носот и устата при кашлање и кивање. Да не се ставаат во уста пенкала, гумички и ленири...
21. Дали природните лекови, како што се цедени портокали, можат да заштитат од инфекција, посебно децата?
- Правилната исхрана е секогаш корисна. Со доаѓањето на зимата секогаш треба да се обрати посебно внимание на исхраната: да се зема многу овошје и зеленчук.
22. Дали треба да се вакцинираат здрави деца и од која возраст?
- Кај децата помлади од две години вакцините се покажаа неефикасни.
23. Кои деца треба да се вакцинираат?
- Вакцина треба да примат деца со хронични заболувања, пред се од невролошки и невромускулаторни типови кои можат да доведат до компликации.
24. Дали смртноста е поголема кај децата?
- Кај овој грип забележана е смртност кај помладата популација и бидејќи младите и децата се тие кои почесто се разболуваат, посебно ако веќе имаат здравствени проблеми. Тешко е да се одреди точна смртност и поради фактот дека раширени се форми на грип кои имаат мали симптоми или воопшто ги немаат.

Симптоми
25. Дали постојат симптоми кои веднаш укажуваат на вирусот H1N1?
- Не. Овој вирус дава идентични симптоми кои ги има и сезонскиот грип, а тоа се температура, грозница, кашлање, малаксалост, болови во мускулите, или гастроентеролошки пореметувања, како што се повраќање, дијареа.
26. Кои симптоми говорат дека веднаш треба да одиме на лекар?
- Тешко дишење проследено со висока температура и кашлање е клиничка слика која укажува на можно воспаление на градите.
27. Како се поставува точна дијагноза?
- Дијагнозата се поставува со анализа на брис од нос и грло.

Ако се разболам
28. Што да правам ако добијам температура?
- Може да се земе апче против температура, како што е парацетамол или фебрицет, за да се намали температурата и подобро да се чувствуваме.
29. Кои лекови се земаат против H1N1?
- Антивирусните лекови како што се тамифлу и реленца кои мора да ги препише лекар.
30. Кога треба да се земат лековите?
- Ефикасни се доколку се земат првите 48 часа по појавата на симптомите. Во повеќето случаи грипот тече по својот тек и не е потребно да се земаат антивирусни лекови. Лековите треба да се земаат ако се работи за тешки симптоми и тоа лица со ризични болести.
31. Кои се последиците од несовесно земање на лекови?
- Лековите можат да не делуваат.
32. А антибиотиците?
- Антибиотиците не помагаат против вирусот бидејќи делуваат против бактерии. Можат да се земат ако постои сомневање за бактериска инфекција.
33. Зошто некои лица заразени со новиот вирус биле во тешка состојба, додека некои оздравеле?
- Имаше само неколку случаи, пациентот без видливи ризични фактори, поради новиот вирус да добие примарно вирусно воспаление на градите. Нема соодветно објаснување.
34. Дали заболените мора да пијат повеќе течности?
- Тоа важи за секој грип и кога лицето има температура треба да пие многу течности, посебно ако се работи за респираторни проблеми.
35. Што ризикува здраво лице со овој грип?
- Во многу случаи не ризикува ништо. Малку е веројатно дека ќе дојде до компликации, дека градните алвеоли ќе се наполнат со секрет.
36. Ако се разболиме од новиот грип, дали е можно повторно да го добиеме?
- Не. Во најлош случај може да се добие сезонски грип.
37. Што можеме да преземеме дома ако се разболиме?
- Просториите треба да бидат топли и проветрени.

Вакцината
38. Дали вакцината се дава еднаш или два пати?
- Во повеќето случаи доволна е една доза.
39. Дали постојат случаи кога вакцината не смее да се прими?
- Кај лица кои имаат автоимуни болести, секој случај се следи поединечно. Можат да постојат контраиндикации кај луѓе кои се алергични на супстанци кои ги содржи вакцината. Не смеат да ја примаат бремени жени во првите три месеци од бременоста.
40. Кои се несакани ефекти од вакцината?
- Кај секое десето дете, на возраст од 6 до 36 месеци може да дојде до нервоза, плачење, поспаност и дијареја. Кај постарите деца може да дојде до главоболка и замор, а кај адолесцентите малаксалост, болови во мускулите, главоболка, потење, мачнина, грозница.
41. Колку време треба вакцината да стане ефикасна?
- Десет до петнаесет дена.
42. Ако се добие вакцина против новиот грип по вакцината за сезонски грип, дали тоа ја зголемува делотворноста?
- Од имунолошки аспект, тоа е невозможно да се каже.
43. Дали вакцината против обичниот грип може да заштити и од вирусот H1N1?
- Истражувањето спроведено во текот на епидемијата во изминатите месеци во Австралија покажува дека сезонската вакцина не заштитува ниту една старосна група од новиот вирус.
44. Колку се безбедни вакцините против H1N1?
- Тоа денес никој не го знае. Европската агенција за лекови потенцира за потребата за внимателно следење на процесот на вакцинација за да стекне слика за несаканите дејствија.
45. Дали можеме да се вакцинираме и против сезонскиот грип и против новиот?
- Да, иако би било добро да почекаме 15 дена меѓу едната и другата вакцина, но ако се примат заедно, тогаш подобро да не се ставаат во иста рака.
46. Како би можел да реагира имунолошкиот систем на две вакцини?
- Може да се случи, ако вакцините се примат заедно, организмот да реагира посилно против сезонскиот грип, но се покажува слаба реакција во однос на H1N1.

Бремените жени
47. Дали бремените жени треба да се вакцинираат?
- Нема специјални испитувања на бремените жени. Што се однесува до вирусот H1N1, не се правени клинички испитувања кои би ја препорачале вакцината.
48. Ако мајката се разболи дали треба да дои?
- Може да продолжи да дои. Може да стави маска додека дои. Најдобар начин бебето да се заштити е да пие мајчино млеко бидејќи тоа содржи основна имунолошка одбрана.

На пат
49. Ако патуваме во странство, кои се мерките за претпазливост?
- Треба да се информирате преку интернет за состојбата во земјата во која се патува и да се дознаат телефонските броеви на кои можете да се јавите во случај на потреба.
50. Дали треба да се понесат некои лекови со себе?
- Добро би било да понесете со себе некои апчиња за намалување на температура, а ако сакате да сте сигурни земете и антивирусен лек. Обезбедете и здравствено осигурување.
avatar
redsonja
Редовен посетител
Редовен посетител

Female
Број на мислења : 154
Age : 41
Локација : skopje
Расположение : ljubovno
Поени : 15835
Registration date : 2009-06-22

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by Eci-Peci on 24.11.09 11:44

Фала редсоња, добив одговор на сите мои прашањаSmile кои знам не мачат сите нас
а дали јавен собир се смета и една мала роденденска забава?? Јас упорно едно исто прашувам,
не можам да се помирам дека нема да славиме роденден, кој си го планирав со месеци

Eci-Peci
Редовен посетител
Редовен посетител

Female
Број на мислења : 210
Age : 35
Локација : Македонија
Поени : 16271
Registration date : 2009-04-04

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by kalinche70 on 24.11.09 11:53

Еци пеци ние сме поканети (синчето)на роденден во петок и нема да одиме,ова е прв пат да пропуштиме роденден но тоа е-премногу ми е дирекно да се изложуваме на собири,затоа размисли,што ако никој не ти дојде,еве и денес детето од братучетка ми слави прв роденден и таму не одам затоа што мм од утрово шмрка,зборува на нос и сега да одам таму а може сме болни несакам

kalinche70
Искусен член
Искусен член

Female
Број на мислења : 534
Age : 47
Локација : sk
Поени : 15669
Registration date : 2009-09-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by jasmina,mina on 24.11.09 13:15

оф калинче ги жалам дечињата што перидов прават родендени!Елеонора беше на два и верувај ми само три,четири дечиња од одделение биле а во огромни игротеки слават!А инаку и сестра ми беше баш ми кажуваше каде што е кума и само три дечиња дошле,вика,, колку беше жално да ја гледаш малата само на врата стоеше и ѕиркаше,само ги очекуваше и воопшто не беше расположена душиче,,! инаку многу убаво направи една мајка во одделение кај Елеонора,они се целоднвена и се договори со наставниците кои и дадоа зелено светло! им ја викна кловнот Лили во одделение два саати беше и поминале незаборавно!им однела торта,таму дувна свеќички малата,се изнаиграле,сите беа нацртани на лицето и секој си доби балон на заминување!сепак како идеја во овие услови на епидемија е супер!Тоа се тие деца кои секој ден се заедно!

jasmina,mina
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 2244
Age : 39
Локација : skopje
Расположение : kako vremeto :-))
Поени : 18589
Registration date : 2008-07-29

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by Sandra_Anja on 24.11.09 13:19

jasmina,mina напиша:А инаку и сестра ми беше баш ми кажуваше каде што е кума и само три дечиња дошле,вика,, колку беше жално да ја гледаш малата само на врата стоеше и ѕиркаше,само ги очекуваше и воопшто не беше расположена душиче,,!


Mnogu zalno ova sto go dozivealo devojceto, srcence.

jasmina,mina напиша:инаку многу убаво направи една мајка во одделение кај Елеонора,они се целоднвена и се договори со наставниците кои и дадоа зелено светло! им ја викна кловнот Лили во одделение два саати беше и поминале незаборавно!им однела торта,таму дувна свеќички малата,се изнаиграле,сите беа нацртани на лицето и секој си доби балон на заминување!сепак како идеја во овие услови на епидемија е супер!Тоа се тие деца кои секој ден се заедно!

Ekstra ideja!
avatar
Sandra_Anja
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 2057
Age : 36
Локација : Скопје
Расположение : насмеана
Поени : 18337
Registration date : 2008-07-14

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by Mama Vase on 24.11.09 13:26

kaj jana vo skolo vaka pravat.najdobro resenie vo momentov pa i za ponatka

i nie sme utre na rodenden ama lugjeto ja otkazaa igrotekata pa sega doma ke slavat samo so najbliski.
avatar
Mama Vase
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 1437
Age : 41
Локација : Skopje,MK
Поени : 17419
Registration date : 2009-03-17

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by MamaMaja on 24.11.09 13:38

Нас ни е у сабота роденден и сепак одлучивме само ние дома да си бидеме сами.
Има време, мал е, подароци ќе си добие, торта исто, тоа, што да правиме.
avatar
MamaMaja
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 1124
Age : 44
Локација : Скопје
Расположение : Детективско!
Поени : 16899
Registration date : 2009-01-27

http://www.mmm.com.mk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by Majsi on 24.11.09 14:05

Nas ni bese vo sabotata rodenden i si go slavevme vo igroteka i site decinja ni dojdoa i vozrasni.Samo edna drugarka ne dojde so dvete kerkicki zosto imaa SV grip go prelezale ama nesakase sepak da dojdat......
Taka da nie si go proslavivme rodendenot vo igroteka.
avatar
Majsi
Искусен член
Искусен член

Female
Број на мислења : 276
Age : 47
Локација : Skopje
Расположение : OK
Поени : 15474
Registration date : 2009-09-18

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by D-r Lidija Pazdrijan on 24.11.09 14:08

Lele drugarcinja mnogu vi bese ubava tortata...Samo zosto nemase dzudzinja na moeto parce,a bogami i Snezana ne ja vidov....
Ete primer deka ne e sekogas se strasno...Ne zapira zivotot so Svinskiot grip.... hihi
avatar
D-r Lidija Pazdrijan
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 3132
Age : 46
Локација : i ovde i onde
Расположение : super:)
Поени : 18849
Registration date : 2009-03-04

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by Sandra_Anja on 24.11.09 14:09

D-r Lidija Pazdrijan напиша:Ne zapira zivotot so Svinskiot grip....

Taka e, malku poopusteno
avatar
Sandra_Anja
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 2057
Age : 36
Локација : Скопје
Расположение : насмеана
Поени : 18337
Registration date : 2008-07-14

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by D-r Lidija Pazdrijan on 24.11.09 14:15


....Umerenost vo se....Da ne dozvolime paranojata da ne povlece so sebe...
avatar
D-r Lidija Pazdrijan
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 3132
Age : 46
Локација : i ovde i onde
Расположение : super:)
Поени : 18849
Registration date : 2009-03-04

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by Majsi on 24.11.09 14:16

D-r Lidija Pazdrijan напиша:Lele drugarcinja mnogu vi bese ubava tortata...Samo zosto nemase dzudzinja na moeto parce,a bogami i Snezana ne ja vidov....
Ete primer deka ne e sekogas se strasno...Ne zapira zivotot so Svinskiot grip....
Pa i ja nesto mnogu mnogu ne ja zaprimetiv Snezana a kamoli djudjinjata,od sto bea mnogu golemi
Vazno vkusot na site vi se dopadna....toa e bitnoto
avatar
Majsi
Искусен член
Искусен член

Female
Број на мислења : 276
Age : 47
Локација : Skopje
Расположение : OK
Поени : 15474
Registration date : 2009-09-18

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by avanturistka on 24.11.09 16:29

сега на а1 кажаа дека канада повлекла 170.000 вакцини поради нус појави.

avanturistka
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 2072
Age : 39
Локација : so moite dve princezi :))
Расположение : :))
Поени : 17655
Registration date : 2008-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by vecki on 24.11.09 16:55

tie gi povlekle pa moze ke ni gi pratat nas.Samo me cudi so koj vakcini gi bockaa doktorite i sestrite,zasto iskreno ne veruvam deka toa e istata vakcina sto treba da go bockaat narodot
avatar
vecki
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 4537
Age : 38
Локација : skopje
Расположение : екстра
Поени : 19205
Registration date : 2008-05-05

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by Janaxxxx on 24.11.09 17:00

Veki postojat dve vakcini t.e. 3 ovde vo germanija samo vojskata i minitrite se vakciniraa so taa sto e bez zasiluvac mislam deka i trudnicite ke ja dobijat taa a site drugi ostanatat so zasliuvac na dejstvoto, e sega neznam vo Mk dali gi imaat dvete ili samo ednata!
avatar
Janaxxxx
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 1005
Age : 35
Локација : Nekade po Evropa!
Расположение : Ubavo
Поени : 17233
Registration date : 2008-11-02

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by MamaMaja on 24.11.09 17:02

vecki напиша:tie gi povlekle pa moze ke ni gi pratat nas.Samo me cudi so koj vakcini gi bockaa doktorite i sestrite,zasto iskreno ne veruvam deka toa e istata vakcina sto treba da go bockaat narodot

Site tri vida vakcini gi prostudirav, niedna ne e bezbedna 100%, ili aj da kazam sovrsena.
Taa na Baxter e ziva vakcina, na Novartis ima konzervansi, a taa na GSK ima i agjuvansi i konzervansi.

SZO prizna deka ne e sigurna vakcinata!
avatar
MamaMaja
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 1124
Age : 44
Локација : Скопје
Расположение : Детективско!
Поени : 16899
Registration date : 2009-01-27

http://www.mmm.com.mk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by yarre on 24.11.09 18:31

Леле другарки, како да се слушам себеси на почетокот од темата “за или против’’.
Во Скопје владее грип, не знам дали свински или кучешки, само нелогично ми је, чекалните се преполни со луѓе кои чекаат на преглед, пријатно влажно и топло, се чека по саат.
Зарем не постои друг начин ( пример закажување по телефон ) за да се одбегнат таквите ситуации и со тоа ширењето на гриповите......
avatar
yarre
Редовен посетител
Редовен посетител

Male
Број на мислења : 212
Age : 45
Локација : Скопје
Расположение : Опоменато којзнае до кога
Поени : 17489
Registration date : 2008-07-30

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by kalinche70 on 24.11.09 18:37

во целава несрека,среќа или како сакате наречете ја,бидејќи децата ми се алергични на јајце,пердуви и пилешко месо воопште не се замарам со вакцината,како да не постои-за мене проблем помалку затоа што ќе полудам инаку,еве го не оди во школо до понеделник ќе се чуваме домче зошто во едното одд.само едно дете било денес,во другото 8

kalinche70
Искусен член
Искусен член

Female
Број на мислења : 534
Age : 47
Локација : sk
Поени : 15669
Registration date : 2009-09-25

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by Ves on 24.11.09 18:44

Eve golem natpis stoi na A1-Najnova vest!!!!Vakcinite protiv noviot grip se opasni !!! Vo 19 h. ke se zboruva poopsirno na vesti. Inaku Kanada otkazala 170 000 vakcini poradi toa sto predizvikuvaat nus pojavi .Mi se tresat race dur pisuvam , drugarka mi vo London ja primila pred nekolku dena , bremena e 5ti mesec. Se molam da bidat dobri , tolku vreme posakuvase da zabremeni . 

Ves
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 1410
Age : 39
Локација : Насекаде по малку
Расположение : Многу гушкање!!!!!!!
Поени : 17907
Registration date : 2008-09-16

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by Diana on 24.11.09 19:23

Ves напиша:Eve golem natpis stoi na A1-Najnova vest!!!!Vakcinite protiv noviot grip se opasni !!! Vo 19 h. ke se zboruva poopsirno na vesti. Inaku Kanada otkazala 170 000 vakcini poradi toa sto predizvikuvaat nus pojavi .Mi se tresat race dur pisuvam , drugarka mi vo London ja primila pred nekolku dena , bremena e 5ti mesec. Se molam da bidat dobri , tolku vreme posakuvase da zabremeni .
Леле Вес, А како и ја ставиле вакцината на другаркати кога сеуште не е испитана доволно,и одамна се зборува дека е штетна,не требало да се согласи Малку ми е чудно за трудниците ама сепак мислам дека настојуваат докторите да се прими вакцината.Како што слушнав некој дел од докторите веке ја примија во Скопје,точно ли е тоа??
avatar
Diana
Ветеран
Ветеран

Female
Број на мислења : 691
Age : 32
Локација : Bitola
Расположение : Замрзнато...
Поени : 16838
Registration date : 2009-02-15

Вратете се на почетокот Go down

Re: Свински грип !!

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 39 of 40 Previous  1 ... 21 ... 38, 39, 40  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот