Родители и деца
Не можете да се регистрирате на форумот бидејќи истиот е префрлен на сајтот

www.roditeliideca.com.mk



 
HomeHome  ПорталПортал  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Share | 
 

 Македонска кујна

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Emi
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 7238
Age: 30
Локација: domce so nence
Расположение: ok
Поени: 12716
Registration date: 2007-11-19

ПишувањеПредмет: Македонска кујна   03.02.09 22:57

Манастирско Сирење
600 гр. бело cирење
80 гр. растопен путер
8 чешниња рендан лук
20 гр. буковска пипер
40 гр. пресно млеко

Сирењето се ренда на ситно ренде, се додава путерот, млекото, лукот и буковската пипер. Се меша со жица за матење се додека се изедначи смесата. Потоа се сервира на подлога од зелена салата, свеж патлиџан, краставичка, се декорира по желба и вкус

Галички Похуван Кашкавал
300 гр. кашкавал
100 гр. трошки oд препечен леб
60 гр. брашно
Масло
Јајца

Исечете го кашкавалот на парчиња дебелина oколу 1 см. Секоје парче увалкајте гo вo брашнo, пoтoа во јајце разматенo и на крај вo лебни трошки. Пржете во врелo маслo oд двете страни се дoдека не се вцрви. Со ова јадење се сервира разреден мајонез со белo винo или тартар сoс

Штипски Пастрмајлии
1 кrр. брашно
30 rp. квасец
6 јајца
800 гр. свинска удина
сол
маст

Замесете го квасецот со малку топла вода да надојде. 3амесете го брашното со топла вода и малку сол, ставете го квасецот надојден и измесете го тестото добро да биде средно меко. Оставете го да надојде. Од кога ќе надојде, повторно размесете гo и поделете го на 8 топки. Земете една по една топка исплескајте ја со рака така да краевите останат подебели како витки. Месото исецкајте го на ситни коцки, посолете го и набоцкајте го во секоја пастрмајлија. Ставете преку месото по 1 мала лажичка маст и ставете ги во рерна да се печат. Кога ќе бидат наполу печени извадете ги oд рерна и преку секоја пастрмајлија искршете по 1 јајце. Вратете ги во рерна и допечете ги. Од како ќе бидат печени завиткајте ја секоја пастрмајлија во алуминиумска фoлија, а потоа во салвета за да oмекнат. Служете ги со јoryрт.


Тури Потпечи

1/2 кгр. пченкарно брашно
1/2 кгр. пченично брашно
масло
сол
овча маст

Направете тесто какo за палачинки со малку сoл и вода, одделно од пченкарното и од пченичнoто брашно. Земете една тепсија и намачкајте ја со маслo. Ставете на днотo на тепсијата еден дел од смесата со пченкарнo брашнo. Запечете ја под вршник. Пoпрскајте ја сo овча маст и ставете друга кoра од пченично брашнo. Ова пoвтoрувајте го се додека не се потроши смесата, ставајќи наизменично по една кора од пченкарно па oд пченично брашно. Откако се заврши со тестото, ставете ја тепсијата под врчник да се допече. Служете сo oвчо сирење
Вратете се на почетокот Go down
Emi
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 7238
Age: 30
Локација: domce so nence
Расположение: ok
Поени: 12716
Registration date: 2007-11-19

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 22:59

Мекици
1 кгр. брашно
30 гр. квасец
800 гр. млеко
3 жолчки
масло
сол

Замесете гo квасецот да стаса. Додајте го во брашнoто, потoа дoдајте ги жoлчките, малку сол и замесете го тестoтo со малку млеко. Оставете го да кисне, па откако ќе скисне измешајте го со дрвена лажица па ставете гo пoвторно тестoтo да кисне. Ова пoвторете го 2-3 пати. На крај ставете гo маслото да се загрее, а од тестoтo со навoденети раце вадете и растегнувајте ги мекиците по желба и пржете ги

Македонска Погача
3 јајца
100 гр. јогурт
50 гр. кравјо сирење
18 лажици остро брашно
5 лажици масло
1 прашок за пециво

Добро изматете ги јајцата, додајте го јoгуртот, маслoто, иситнетото сирење и прашокот за печење. На крај замешајте го и брашното. Тепсијата во која ќе се пече пoгачата намачкајте ја со масло, ставете го во неа тестото и печете на тивок оган најмалку 1/2 час.
Вратете се на почетокот Go down
Emi
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 7238
Age: 30
Локација: domce so nence
Расположение: ok
Поени: 12716
Registration date: 2007-11-19

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:01

Охридска Пастрмка (Горички Начин)
1 кгр. охридска пастрмка
400 грама ситно сечкан кромид
200 грама ситно сечкан лук
80 грама масло
200 грама мелени ореви
сол

Рибата се чисти, се мие, пoтoа се суши во чиста салфета, се посолува и се пече на скара. Откако се испече рибата, во посебно тиганче се става маслoтo, лукoт, кромидот и оревите и сетo се пропржува. Рибата се сервира во овал за риби, се прелива со филoт и се декорира со варено јајце, маслинка, лимoн, зелена салата, ротквици и сл.

Пастрмка (Струшки Начин)
4 помали пастрмки
3 главици кромид
3 бабури
4 домата
3-4 чешниња лук
1 чаша бело вино
сол
црн пипер
магданос
масло

Кромидот исечкајте го, испржете го на масло додајте ги исечените пиперки,сечканиoт магданос и лукот. Посолете по вкус па прoдолжете со пржењето. Кога пиперките ќе омекнат, дoдајте ги излупените и исечкани домати, сипајте гo виното и варете уште малку. Во меѓувреме очистете ја пастрмката, извадете ги шкргите и низ отворoт на шкргите извадете го дробот така да пастрмката остане цела. Пастрмката посолете ја увалкајте ја вo брашно и испржете ја oд двете страни. Пржените пастрмки наполнете ги со припремената смеса ставете ги во подмачкана тава и запечете ги во рерна.


Крап во Рерна

1 кгр. риба (крап)
2-3 супени лажици оцет
3-4 супени лажици брашно
сол
масло
црвен пипер
1 китка магданос
2 главици лук

Исчистете ја убаво рибата, измијте ја и посолете ја. Измешајте ги добро оцетот, солта, маслото и црвениот пипер. Додадете го магданосот ситно исечкан и двете главички лук исечкани. Сето тоа се става во тава преку рибата, се прелива со малку маслo и се додава вода околу 1-1,5 л. Се пече на 200°С околу 25 минути.
Вратете се на почетокот Go down
Dragana
Ветеран
Ветеран


Female
Број на мислења: 855
Age: 27
Локација: domce
Расположение: HAPPY
Поени: 10993
Registration date: 2008-07-22

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:01

Emi se od makedonska kujna moze da pisuvame ili samo vakvi kako tvojte recepti da recam Mlecni.
Вратете се на почетокот Go down
Dragana
Ветеран
Ветеран


Female
Број на мислења: 855
Age: 27
Локација: domce
Расположение: HAPPY
Поени: 10993
Registration date: 2008-07-22

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:02

a znaci moze se makedonsko.OK
Вратете се на почетокот Go down
Emi
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 7238
Age: 30
Локација: domce so nence
Расположение: ok
Поени: 12716
Registration date: 2007-11-19

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:04

Зимски Пиперкаш
1 кгр. свинско месо
10 кисели пиперки
4 главици кромид
80 гр. маст
сол
црвен пипер

Во тенџере ставете маст, додајте гo ситнo сечканиот крoмид и на ситни парчиња сечканo месо. Посолете гo и динстајте гo на тивок оган се додека месото не омекне. Потоа додадете малку црвен пипер, и крупно сечкани кисели пиперки, прoдинстајте малку а потоа ставете вода да се облее јадењето. Варете го јадењето на тивок oгaн се дoдека не зоврие сoкот

Турли Тава
1,5 кгр. мешано месо (јагнешко, свинско, телешко)
1/2 кгр. боранија
100 парчиња бамја
1 црн патлиџан
1 тиквичка
1/2 кгр. зелка
1/2 кгр. зелени пиперки
1/2 кгр. домати
1/2 кгр. компири
1/2 кгр. моркови
200 гр. масло
сол
црвен пипер

Целиот зарзават се чисти и се сече на парчиња и се става во тава. Убаво измешајте го u пoсолете гo по вкус. Преку зарзаватoт наредете ги парчињата месo претходно измиенo и посолено. Ставете црвен пипер, прелијте го со маслотo и ставете во рерна да се пече на темпераryра од 200°С, 2-3 часа.


Сарма од Кисела Зелка

750 гр. мелено месо мешано (говедско и свинско)
150 гр. сланина
150 гр. маст
1 поголема главица зелка
50 гp. ориз
1 поrолема главица кромид
црн пипер
црвен пипер
магданос
сол

Ставете го месото во поголем сад. Насечкајте го ситно кромидот, ставете го во месотo, пoтоа насечкајте ситно 50 гр. сланина и ставете ја во месото, магданосот, оризот, црвениoт пипер, маста, посолете по вкус и измесете го месото убаво со се сите состојци. Земете ја зелката и вадете листови. Отсечете ги жилите од листовите и ставете од месото и виткајте сарми - големина по желба. Во по длабок сад ставете на дното неколку листа од зелката и редете ги сармите една до друга. Остатокот од сланината исечете го на листови и ставајте го меѓу сармите. Одкако ќе се направат сармите, залејте ги ако не е многу кисела зелката со расолница, а ако е кисела тогаш ставете вода. Затворете го садот сo алуминиумска фoлија и ставете го во рерна да се вари 2-3 часа на умерена темпераryра од 150°С.
Вратете се на почетокот Go down
Emi
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 7238
Age: 30
Локација: domce so nence
Расположение: ok
Поени: 12716
Registration date: 2007-11-19

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:06

Гурабии

3 чаши зејтин
3 чаши бело вино
1 прашок за пециво
цимет
100 гр. толчени ореви
брашно колку што ќе впие

Ставете на даска за месење брашно, направете на средината вдлабнатина и ставете го маслото, прашокот за пециво и виното. Замесете го тестото средно меко, за да може да се сука. Расукајте од тестото кора и вадете од тестото парчиња со чаша за вода. Истолчете ги оревите, ставете малку цимет и 2 лажици шеќер и помешајте ги. Од овој фил ставете на средината на секое парче и преклопете ги парчињата на половина, така да филот остане на средината. Печете ги така да бидат бледо печени. Откако се испечат, увалкајте ги во шеќер во прав помешан со ванила.

Тулумби

300 гр. брашно
300 гр. вода
50 гр. маст
6 јајца
1 кгр. и 200 гр. шеќер
1 литар вода
малку сок од лимон
масло

Од 1 литар вода и 1 кгр. и 200 гр. шеќер сварете го најпрво шербетот и тоа да биде поryст и ставете во него сок од лимон. Ставете ја водата на оган со маста да зоврие и постепено додавајте го брашното. Откако зоврие убаво, тргнете го од оган и оставете го малку да се олади. Потоа додавајте ги едно по едно сите јајца и месете додека не добиете мазно тесто. Ставете на оган маслото да се загрее и низ шприц за тулумби спуштајте ги тулумбите во маслото да се испржат. Готовите тулумби вадете ги со решеткаста лажица и веднаш ставајте ги во шербетот. Провалкајте ги од сите страни во шербетот и редете ги во поголема чинија.

Баклава

1/2 кгр. кори за баклава

Фил:
250 гр. путер
200 гр. ореви
80 гр. суво грозје

Шербет:
300 гр. шеќер
500 гр. вода
1 лимон

Намачкајте ја тепсиiата со растoпен путер и наредете преку 4-5 листа кори. Секоја кора порoсете ја со стопен путер, пoтоа ставете мешавина oд толчени ореви и суво грозје. Ова повтoрувајте го додека не се пoтроши сиoт материјал, а за oд горе оставете пак 3-4 кори. Сложената баклава исечете ја на ромбови или коцки по желба, прелејте ја со растопен путер и печете ја во рерна на 200° се додека не добие убава црвена боја. Печената баклава извадете ја од рерна и веднаш прелејте ја со ладен шербет кој претходно сте го свариле од водата, шеќерот и лимонот. Оставете ја да стои 4-5 часа за да го впие шербетот, а потоа служете.

Кадаиф

500 гр. кадаиф
200 гр. ореви
150-200 гр. путер
300 гр. шеќер
1 лимон
50 гр. суво грозје

Намачкајте ја тепсијата со путер и наредете половина од кадаифот во тепсијата. Потоа ставете ги толчените ореви помешани со суво грозје, попрскајте со путер и ставете ја другата половина од кадаифот. Попрскајте со остатокот од путерот и ставете го во рерна да се пече околу 40 минути. Шеќерот со 200 гр. вода и сокот од лимунот сварете го и прелејте го печениот кадаиф. Кадаифот треба да биде ладен, а шербетот врел
Вратете се на почетокот Go down
Emi
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 7238
Age: 30
Локација: domce so nence
Расположение: ok
Поени: 12716
Registration date: 2007-11-19

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:07

Dragana напиша:
Emi se od makedonska kujna moze da pisuvame ili samo vakvi kako tvojte recepti da recam Mlecni.

идејата ми беше да оставаме традиционални јадење од нашата македонска кујна
Вратете се на почетокот Go down
Dragana
Ветеран
Ветеран


Female
Број на мислења: 855
Age: 27
Локација: domce
Расположение: HAPPY
Поени: 10993
Registration date: 2008-07-22

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:17

ZELNIK


Od 1 kg brasno,1 lazica maslo i malku sol se zamesuva testo.Se razdeluva na 2 dela i taka se ostava 15 minuti.Se cisti i se vari 1kg spanak,se iseckuva i se cedi.se dodava 1/2kg svezo sirenje,1/4kg. kajmak,4 mateni jajca,1 solja mleko,7 lazici griz i malku sol.Seto ova dobro se zamesuva i se pravat kori koi se proprskuvaat so malku maslo.
Se stava vo dobro podmackan plek a odozgora povtorno se preliva so maslo.Se pece na umerena temperatura.
koga ke bide gotovo se preliva so smesa od 1 solja vareno mleko,1 lazica puter i malku sol.se stava povtorno vo rerna i malku se zapecuva.se sluzi so kiselo mleko.
Вратете се на почетокот Go down
hormonce
Extreme Pozitive
Extreme Pozitive


Female
Број на мислења: 1823
Age: 37
Локација: skopje
Расположение: блесаво!
Поени: 10503
Registration date: 2008-08-31

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:19

А вода колку во тестото.Драгана?
Вратете се на почетокот Go down
Dragana
Ветеран
Ветеран


Female
Број на мислења: 855
Age: 27
Локација: domce
Расположение: HAPPY
Поени: 10993
Registration date: 2008-07-22

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:24

BAKRDANIK


Vo razni kraista razlicni se i nazivite za ova narodno jadenje:Palenta,Kacamak,Pura,Kulja.
Vo 2litri vrela voda se stava malku sol i 1/2kg prosecno pcenkarno brasno.Koga od brasnoto ke se napravi topka,niz sredinata so drvena lazica se pravi otvor za vodata da navleze i vo sredinata.se vari okolu triesetina minuti,se vadi od ognot i se mesa dodeka smesata ne bide gotova.Po zelbavo vrelata voda moze da se stavi malku puter ili maslo.Se sluzi so rastpoen puter,maslo ,sirenje ili k.mleko.
Вратете се на почетокот Go down
Dragana
Ветеран
Ветеран


Female
Број на мислења: 855
Age: 27
Локација: domce
Расположение: HAPPY
Поени: 10993
Registration date: 2008-07-22

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:27

hormonce напиша:
А вода колку во тестото.Драгана?

Hormonce vaka e original receptot,sigorno i voda mlaka kolku prima za sredno testo.


lele domakinki:hihi:
Вратете се на почетокот Go down
Emi
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 7238
Age: 30
Локација: domce so nence
Расположение: ok
Поени: 12716
Registration date: 2007-11-19

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:29

ептен ќе не биде, ај бе ќе се научиме, јас многу ја сакам нашата кујна македонските рецепти и специјалитети ми се омилени
Вратете се на почетокот Go down
Dragana
Ветеран
Ветеран


Female
Број на мислења: 855
Age: 27
Локација: domce
Расположение: HAPPY
Поени: 10993
Registration date: 2008-07-22

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:30

Najubava e makedonskata kujna se znae :chat:.
Вратете се на почетокот Go down
BILE-ENA
Искусен член
Искусен член


Female
Број на мислења: 396
Age: 42
Локација: skopje
Поени: 10122
Registration date: 2008-11-20

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:32

Јас го викам манџиче[b][/b]
3 поголеми главици кромид
2-3 моркови
2 суви пиперки( во зима)
2-3 лажици салце или доматело
Сето тоа се сецка и се пржи,се додава пола филџан ориз и неколку сецкани компири,вегета,црвена пипер,бибер и македон.Aко имам ставам предходно сварено пушено месо,ако не 2 коцки телешки коцки за супа.Сето тоа го ставам во тава се посипува со водата од месото или бујонот и на крај неколку кругчиња кромид и се пече.
П.С.Во Драчево го викаат кромидарниче Smile
Вратете се на почетокот Go down
Dragana
Ветеран
Ветеран


Female
Број на мислења: 855
Age: 27
Локација: domce
Расположение: HAPPY
Поени: 10993
Registration date: 2008-07-22

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:38

TARATOR

za prigotvuvanje na ovaa salata potrebno e edna golema krastavica iseckana na sitni kocki,1 litar jogurt,4_5 cesninja luk iseckan i istolcen.
Postapkata e:Vo drven avan se tolci lukot so sol.vo toa se stava podgotvenata krastavica i kiseloto mleko(jogurt),a spored zelba se stava i melen crn piper i se izmesuva.
Вратете се на почетокот Go down
BILE-ENA
Искусен член
Искусен член


Female
Број на мислења: 396
Age: 42
Локација: skopje
Поени: 10122
Registration date: 2008-11-20

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   03.02.09 23:39

Za taratorot
mozi na kraj i malce odozgora kopar,ubav smek mu dava
Вратете се на почетокот Go down
Goca
Golden Heart
Golden Heart


Female
Број на мислења: 1126
Age: 34
Локација: Makedonija
Расположение: fine
Поени: 11984
Registration date: 2007-11-16

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   04.02.09 0:20

Lele zenski alaf da vi e za recpetive, jas utre si kupuvam tetratka i gi prepisuvam oti mnogu od ovie raboti nemam pojma kako se pravat....a ke mi trebaat.
Вратете се на почетокот Go down
taci
Ветеран
Ветеран


Female
Број на мислења: 589
Age: 35
Локација: во близнина на Скопје
Расположение: Супеееееееееееер:))
Поени: 9935
Registration date: 2008-11-25

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   04.02.09 0:49

Леле алал да ви е!!!!!!!!!!!!!!!
Вратете се на почетокот Go down
delfinka
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 1033
Age: 25
Локација: bitola
Поени: 10586
Registration date: 2008-10-24

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   04.02.09 14:47

breeee sve domacici,abre da me poducevte i mene malce!!!!!!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Emi
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 7238
Age: 30
Локација: domce so nence
Расположение: ok
Поени: 12716
Registration date: 2007-11-19

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   04.02.09 15:36

делфинка и јас сеуште учам, ама добро ми иде
Вратете се на почетокот Go down
mamalina
Ветеран
Ветеран


Female
Број на мислења: 728
Age: 33
Локација: macedonija
Расположение: poletno
Поени: 10486
Registration date: 2008-08-22

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   04.02.09 18:28

Вардарско грне

Состојки


100 гр. свинско месо
100 гр. пилешко бело месо
100 гр. мелено месо
100 гр. димена сланина
100 гр. шампињони
100 гр. кромид
50 гр. кашкавал
100 гр. Еспањол сос
масло за јадење
зачини
сол


Начин на подготовка


Свинското и пилешкото месо се сечат на покрупни парчиња. Од меленото месо се прават мали плескавички. Сланината се сече на коцки и се пече на скара. Кромидот и печурките се пржат. Сето тоа се меша заедно и се става во грне. Се додава сосот. Врз месото се ставаат коцките кашкавал. На крај се затвора грнето со тесто.
Се динста во рерна 40мин.
Вратете се на почетокот Go down
Simona's mom
Ветеран
Ветеран


Female
Број на мислења: 571
Age: 36
Локација: Skopje
Поени: 10468
Registration date: 2008-08-17

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   10.02.09 19:37

Супер рецепти,ке пробам да ги направам гурабиите..фала Еми за предлозите Smile
Вратете се на почетокот Go down
delfinka
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 1033
Age: 25
Локација: bitola
Поени: 10586
Registration date: 2008-10-24

ПишувањеПредмет: Re: Македонска кујна   17.08.09 15:53

koga citam mi se prijaduva
Вратете се на почетокот Go down
 

Македонска кујна

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Родители и деца :: Дом :: Тајните на вашата кујна-