Родители и деца

Правилник на форумот!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Правилник на форумот!

Пишување by The Administrator on 12.11.07 20:55

1. Учеството на форумот е слободно и бесплатно.

2. На форумот може да учествува било кој од просторите на бивша Југославија, од дијаспората, како и секој кој го знае официјалниот јазик кој се користи на овој форум - македонскиот

3. Освен македонски, на форумот може рамноправно да се користи било кој дијалект или наречје од просторите на бивша ЈУ, а кој го разбираат поголем дел од корисниците на форумот.
Пожелно е да ги пишувате пораките на кирилица, а за тоа како да смените од латиница во кирилица ( и обратно), еве линк КАКО ДА ПИШУВАТЕ ВО КИРИЛИЦА!

4. Пишувањето пораки, односно активно учество на форумот можно е само за регистрираните корисници. Содржината на пораката од секој член е личен став на авторот на истата.
Администраторите и модераторите на форумот не даваат никакви гаранции за точноста, вистинитоста, законитоста, полноважноста, квалитетот, постојаноста, комплексноста и актуелноста на пораките на форумот.

5. Пред да поставите нова тема пребарајте го форумот со помош на опцијата Барај за да видите дали постои таква тема, во која само ќе поставите коментар. Трудете се насловите на темите да се што поописни. Избегнувајте наслови од типот Помош/ Прашање/Предлог и слично, туку напишете го така да со читањето на насловот може да се заклучи за што се работи.

6 . Немојте да пишувате пораки од типот Да/Не/Можеби/Не е//Така е/Не е така/ Јас исто/Се сложувам/Хахаха и слично. Овие одговори се бесмислени и крајно некорисни. Секој свој одговор образложете го со свој став или искуство, поврзани за темата.

7 . Избегнувајте да праќате пораки кои содржат само смешковци. Исто така не е пожелно да претерувате со употребата на смешковците во пораките.

8 . Немојте да пишувате текст ИСКЛУЧИВО СО ГОЛЕМИ БУКВИ или да ја нагласувате целата порака на бико кој начин (болдирано, италик, потцртано), бидејќи тоа на форумите се смета за викање. Ако сакате да нагласите дел од текстот користете ги опциите болд, италик, потцртано, друга боја на текстот...
Прочитајте и проверете ја пораката пред да ја пратите (кликнете на Preview, бидејќи опцијата за уредување и измени откако ќе се испрати пораката, не е дозволена. Ако се случи да испратите порака со грешка за промена ќе треба да се обратите кај администраторот или модераторите.

9 . Немојте непотребно да цитирате цели пораки. Цитирајте ги деловите од пораките на кои се однесува вашиот одговор. Ако пораката на која одговарате е веднаш над вашата, нема никаква потреба да се цитира. Со без потребно цитирање форумот станува непрегледен и споро се вчитуваат страниците. Ако цитирате порака која веќе содржи во себе цитат, задолжително избришете го тој дел.

10. Копирањето текстови од други сајтови е во ред, но само ако е потребно дополнително да се илустрира текстот кој го пишувате во пораката. Не е пожелно да се поставуваат пораки кои се само копија од некој текст.
Администраторите на форумот не ги штитат авторските права на било кој начин. Ова се однесува на текстови од корисниците и на преземените пораки. Сепак морална обврска на корисникот е кога пренесува нечиј текст да го наведе авторот.

11. Забрането е:
- Да се користат провокативни прекари (nick),аватари и потписи (signatures)
- Да се напаѓаат или навредуваат корисниците на форумот по национална, верска, географска, расна или некоја друга основа.
- Да се истакнуваат национална, верска, географска или расна припадност, материјална состојба и слично, како својата така и на другите корисници.
- Забранети се секакви дискусии за политика.
- Да се поставуваат пораки кои содржат лични податоци од друг корисник на форумот или било која друга личност.
- Да се поставуваат приватни пораки на форумот јавно, без дозвола на авторот на тие пораки.
- Да се поставуваат пораки со кои се кршат нечии законски, патентни, авторски или други права.
- Било каква злоупотреба на форумот или членовите.
- Пријавување и учество на форумот само поради промоција на ваш сајт или бизнис. Сите вакви пораки ќе бидат избришани, а членовите банирани.
- Испраќање на приватни пораки на членовите за реклама на други сајтови и форуми. Членовите кои ќе добијат вакви пораки треба да им се обратат на администраторот или модераторите на форумот .
- Забрането е анкетирање на членовите за потребите на вашите истражувања или бизнисот со кој се занимавате.
- Давање на своето корисничко име и шифра на користење на некој друг. Секој може да се регистрира и учествува на форумот.
- Вулгарно изразување.

12. Администраторите и модераторите имаат ексклузивно право да го уредуваат форумот според сопствените убедувања, слободна процена и не се должни да даваат објаснувања ниту да се правдаат за своите постапки и акции.

13. Ако некој корисник се однесува во спротивно со правилникот и упорно ги повторува истите грешки по неколку предупредувања ќе биде баниран, односно ќе му биде забранет пристапот на форумот.
Тоа е крајната мерка, кога веќе ништо не може да помогне. Администраторите го задржуваат правото да ја применат оваа мерка веднаш доколку некој корисник се однесува крајно недолично.

14. Сите членови и модератори на форумот мораат да се придржуваат на овој правилник, онаков каков е во моментот. Тие можат да предложат промени и дополнувања на правилникот. Администраторите на форумот решаваат за прифаќање или не на тие предлози. Секој прифатен предлог се објавува јавно со соопштение на форумот.

15. Администраторте на форумот имаат право во исклучителни случаи да отстапат од овој правилник, но само ако тоа е во интерес на форумот и неговите членови.

Доколку не се сложувате со овие правила, најљубезно ве молиме да не го посетувате овој форум, или барем на пишувајте пораки на него.
avatar
The Administrator
Forum Master
Forum Master

Male
Број на мислења : 737
Поени : 17836
Registration date : 2007-11-12

http://roditeliideca.bbgraf.com/

Вратете се на почетокот Go down

Re: Правилник на форумот!

Пишување by The Administrator on 24.08.08 1:53

Морам и ова да го додадам
- Кога пишувате порака, имајте на ум дека е ЈАВЕН форум. Голем дел од темите можат да ги читаат и незачленети, односно гости.
Покрај тоа можат да бидат преземени одредени делови и копирани.

Значи ако има нешто кое не би сакале било кој да го знае, НЕ ГО ПИШУВАЈТЕ.
Не сакам после тоа да добивам пораки со молби одредени постови да бидат избришани. Со тоа се губи текот на дискусијата во темите.
Се што ќе биде овде напишано е во сопственост на форумот и вие со пишувањето му ги отстапувате на уредувачкиот тим не ексклузивните права да прави што сака (брише, копира, уредува, адаптира....)

***********************************************************************************************************************************
Правилник на форумот

Како да пишувате на кирилица
avatar
The Administrator
Forum Master
Forum Master

Male
Број на мислења : 737
Поени : 17836
Registration date : 2007-11-12

http://roditeliideca.bbgraf.com/

Вратете се на почетокот Go down

Re: Правилник на форумот!

Пишување by The Administrator on 02.07.09 21:33

еве бидејќи на некои членови им е потребно написмено

забрането е поставување линкови кон други форуми...за ова автоматски следува банирање

***********************************************************************************************************************************
Правилник на форумот

Како да пишувате на кирилица
avatar
The Administrator
Forum Master
Forum Master

Male
Број на мислења : 737
Поени : 17836
Registration date : 2007-11-12

http://roditeliideca.bbgraf.com/

Вратете се на почетокот Go down

Re: Правилник на форумот!

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот