Родители и деца
Не можете да се регистрирате на форумот бидејќи истиот е префрлен на сајтот

www.roditeliideca.com.mk



 
HomeHome  ПорталПортал  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Share | 
 

 Стручни совети од областа на Педијатријата!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4 ... 19 ... 36  Next
АвторПорака
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   24.12.08 1:29

Бубе напиша:
веќе пишувавте за хемоглобинот.
Радица Маџоска напиша:
Долната граница која се толерира за хемоглобинот е 110 . Кај вашето бебе има хемоглобин 95, што значи дека има хипосидеремична анемија или недостаток на железо. Во ваквите случаи се препорачува земање на препарати со железо, кои ги има доста на нашиот пазар. Железото треба да се зема со витамин Ц, затоа што организмот немозе да го врзе железото без просуство на вит Ц . Со текот на возраста, кога ке се воведе и исхрана се препорачува внес на храна богата со железо како телешко месо, жолчка , брокула, спанаќ.....
Ние денес правевме прва крвна слика. хемоглобинот е 109. Мене ме интересира што влијае т.е. зошто кај моето дете хемоглобинот е понизок од нормално? Значи јасно ми е како тоа може да се покачи, но зошто и во кои случаи се јавува намален хемоглобин. Накаратко: која е причината?
Сега сме скоро 4 месеца, се роди 4000 гр. 52см. Убаво си напредува, сега е 7300 гр и 65,5 см., живо дете е. Јас имам одлична крвна слика. Па, не ми е јасно која е причината што на Илина и е намален хемоглобинот.


Детето се раѓа со резерви на хемоглобин од мајката и при тоа неговиот организам не е сеуште доволно зрел за да почне да создава хемоглобин а од него еритроцити. Тоа е првата причина , друга причина која доведува до зголемено трошење е : при самиот акт на раѓање се создават многу модрички и хематоми а тоа е распад на еритроцити-што значи се губи хемоглобин, и веднаш по раѓањето голем број на еритроцити се распаѓаат, поради - физиолошка жолтица. Доколку мајката имала дефицит на железо во текот на бременоста ( а сите трудници имаат потреба од железо ) и при тоа тој дефицит не бил правилно третиран исто така настанува анемија кај новороденчињата. Кај близнаците исто така секогаш има анемија. Кај вашето дете не страшна состојбата и не бара веднаш отпочнување со препарати на железо, туку со воведот на исхраната ке се покачи и железото.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   25.12.08 10:38

svetle simeonova напиша:
pozdrav do Dr.Radica!Moeto devojce ima 8mes. i veke 2 nedeli ne cica
.Na lekar mi rekoa deka treba da pie dnevno 1litar adaptirano mleko i mi preporacaa LAKTOVIT PLUS.Nejzinata tezina e 7kg i 3oogr. rodena e 3.450gr. Dali napreduva dobro zatoa sto sekoj mesec se poprava 300 do 400gr. i dali mlekoto sto go pie e dobro za nea?


Доенчињата со полни пет месеци би требало да ја удвостручат тежината со која излегле од болница , а на една година би требало да ја утростручат. Помеѓу 4-от и 5-от месец се почнува со воведот во исхрана т.е се започнува со давање на 2/3 сокче од јаболка, за после 1 недела од сокчето да се воведе и кашичка од јаболко. Така постепено се воведуваат овошките а потоа и зеленчукот. Со полни седум месеци во исхраната можат да се воведат и житарките, жолчката почнувајќи со 1/8 , супа - бујон од телешко мевце. Што значи вашето дете на оваа возраст треба да има 4 оброци со големина од 220-250 мл вклучително и млеко од најмалку 500 мл. Пр. во 6 часот наутро млеко, 9-10 овошје, 12 или 14 зеленчук,житарки или месо , во 15 или 18 овошен сок или овошје во 18 или 20 часот млечна каша со житарки.
Што се однесува до млекото кое сега го пиете, ако сте задоволни од него слободно продолжете. Во однос на напредувањето детето се наоѓа на некоја долна граница од нормалата, и за да кажам дали е тоа нормално или не би требало да знам какви се родителите со нивната тежина и висина и какви се условите во кои живеете.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   25.12.08 10:48

verce напиша:
Радица Маџоска напиша:
verce напиша:
Jas imam edno prasanje .Dali ste zapoznaeni so sumlivite tableti Calcium sumleta na Belgratskata fipma Protehna.Za nivniot sostav i dali smejat da gi koristat moite deca od 2 i 4,5 god Kako imuno stimulator, bidejki kolku sto jas imav moznost da procitam sodrzat maticen mlec koj go preporacuvata za decata.Vo upactvoto pisuva deka moze da se koristi za deca no sumlivite tableti sodrzat 500 mg kalcium ,jas mislam deka toa e golema doza za deca.Sto na toa vie ke kazete ?Vi blagodaram.

Калциумот во организмот е неопходен за живот и развој на секоја жива клетка, а особено за нормална калцификација на коските, за трансмисија на импулсите преку клетките за коагулација на крвта итн... Но секако ваквата доза како што ја нуди овој препарат се користи самово сосотојби кога има недостиг на калциум во организмот а тоа се јавува при слаба апсорбција на дигестивниот тракт , бременост, лктација и кај стари лица. Точно е дека децата во текот на растот имаат потреба од калциум но тие го добиваат : доволно е секој ден да се конзумира 250 мл јогурт, млеко или 200-300 грама сирење, урда. Додатокот кај децата се дава во форма на капки вигантол , АД перли или рибино масло ! Максималната доза на калциум за возрасни е 500мг-1 г.
Кај децата ваквите препарати се даваат само во одредени ситуации строго препишани од лекар.Можат да се јават и некои несакани последици како брадикардии, аритмии, гастроинтестинални тегоби!
Исто така, матичниот млеч не се препорачува за оваа возраст затоа што предизвикува алергиски реакции.
Така да мојот став е дека не ви го препорачувам овој препарат.


Vi blagodaram doktroke sepak barav sovet a nam tie tableti ni gi preporaca doktorkata Iskra od klinikata vo Kozle.Deka mojot sin imase cesti bronhialni opstrukcii.Dali moze tie tableti da mu gi krsam na polovinka ili cetvrtina pa da mu gi davam?



Точно во медицината калциумот го употребуваме за алергиски реакции како уртикаријата,алергиските бронхити. Но сепак матичниот млеч никако не се преорачува особено за деца кои се склони веке кон бронхити и за толку мала возраст. Јас не ги препорачувам таблетките. Вие може да ги пробате но ако децата почнат да кашлаат ви препорачувам веднаш да ги прекратите.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   25.12.08 10:55

ilievska.m напиша:
zdravo
imam edno prasanje .bebusot ima 4 meseci i eve veke dva tri dena pocna da ima dosta zacesteni ,zelenkasti a ne obilni stolici , utrinskat mu e so ubava zlatno zolta boja a narednite kako sto rekov zelenkasti pa me interesira sto moze da e .Za informacija seuste nemame pocnato so dohrana samo na doenje e retko nekogas becutan caj mu davam po malku, ne e nastinat ..
pozdrav

Зелените столици се од чајчето бекутан што го давате. До 6-от месец нема потреба од давње ништо друго освен мајчино млеко , со тоа ги задоволувате потребите кај детето и од вода и од витамини, минерали, протеини, масти, јаглехидрати, имуноглобулини.... Прекратете го чајчето, доколку продолжат зеленитен столици ви препорачувам преглед кај вашиот матичен педијатар.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   25.12.08 11:00

mirecv напиша:
pocituvana dr.radica imam edno prasanje na mojata kerka koja ima 4 god i davav ''ehinavit c"kontinuirano 5 nedeli.na upatstvoto procitav deka se dava pez prekin najveke 6-8 nedeli, me interesira kolku vreme treba pauza povtorno da pocnam da i davam .odnapred vi blagodaram

Направете прекин 2 до 3 недели, па потоа продолжете повторно со истиот а може и со некој друг препарат за имуностимулација.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   25.12.08 11:09

Бубе напиша:
Ви благодарам докторке на одговорот.
Имам уште едно прашање.
Ми рекоа да не јадам чоколадо (какао) додека дојам.
Заради алергии?
А јас откако се породив немам апетит, се што јадам, јадам со сила и единствено ми се пријадува чоколадо.
Па ме интересира дали ова за нејадењето чоколадо е точно. Инаку, внимавам да не го јадам во големи количини.
Дали треба целосно да го исфрлам од исхраната или ако забележам некоја реакција кај бебулето и која би била реакцијата?
Ви благодарам

Кај вашето дете има атопичност, алергија поточно честите настинки, честите бронхити а веројатно има и сува кожа поточно атопичен дерматит или егзема. За ова не треба да се загрижувате многу затоа што со текот на возраста ке ги надмине овие алергиски реакции, но затоа сега треба да се заштити детето. Најпрвин со исхраната, да не внесува алергени какао (чоколада), цитратно овошје, ореви, бадеми , лешници. Доколку ја доите вие треба да ги избегнувате овие алергени.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   25.12.08 11:20

[quote="Радица Маџоска"]
Бубе напиша:
Ви благодарам докторке на одговорот.
Имам уште едно прашање.
Ми рекоа да не јадам чоколадо (какао) додека дојам.
Заради алергии?
А јас откако се породив немам апетит, се што јадам, јадам со сила и единствено ми се пријадува чоколадо.
Па ме интересира дали ова за нејадењето чоколадо е точно. Инаку, внимавам да не го јадам во големи количини.
Дали треба целосно да го исфрлам од исхраната или ако забележам некоја реакција кај бебулето и која би била реакцијата?
Ви благодарам

Какаото заедно со цитратното овошје (лимон,портокал,мандарина,цитрони,киви), бадемот, оревот, лешниците се сметаат за алергени материи кои можат да предизвикаат некои алергиски манифестации како детска егзема -атопичен дерматит, бронхит, пролив. Веројатно колегите приметиле сува кожичка кај вашето дете и поради тоа ви го дале тој совет. Но како и да е ако веке има навистина атопичен дерматит ви препорачувам да ги одбегнувате сите алергени материи кои ви ги набројав.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   25.12.08 11:24

Svetlana напиша:
Здраво докторка Маџовска , едно прашање син ми има 4 години и досега три пати имаше бронхо пневмонија , прв пат на 1 годинка а после уште два пати и тоа на по 6 месеци значи на 1 годинка на 1,5 години и на две.После терапиите почнав да давам матичен млеч 5 % по пола ампула дневно 8-10 дена.Од како сме на матичен млеч и тоа не давам повеќе од два пати во годината е одлично повеќе нема пневмонија а и настинките се поретки , порано и без знаци на настинка со првото прокашлување се спушташе на плуќе во облик на пневмонија.Правевме испитувања секакви и не е алергичен, и со вакцината за туберкулоза е во ред, само се работи за преосетливо бронхијално ткиво.
Дали е во ред да продолжам и натаму на два пати во годината со терапија со матичен млеч , алергиски реакции нема никакви на пчелни производи?

Штом нема никаква алергиска реакција од матичниот млеч , може да го давате.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   25.12.08 23:51

[quote="Бубе"]
Радица Маџоска напиша:
Радица Маџоска напиша:
Бубе напиша:
Ви благодарам докторке на одговорот.
Имам уште едно прашање.
Ми рекоа да не јадам чоколадо (какао) додека дојам.
Заради алергии?
А јас откако се породив немам апетит, се што јадам, јадам со сила и единствено ми се пријадува чоколадо.
Па ме интересира дали ова за нејадењето чоколадо е точно. Инаку, внимавам да не го јадам во големи количини.
Дали треба целосно да го исфрлам од исхраната или ако забележам некоја реакција кај бебулето и која би била реакцијата?
Ви благодарам

Какаото заедно со цитратното овошје (лимон,портокал,мандарина,цитрони,киви), бадемот, оревот, лешниците се сметаат за алергени материи кои можат да предизвикаат некои алергиски манифестации како детска егзема -атопичен дерматит, бронхит, пролив. Веројатно колегите
приметиле сува кожичка кај вашето дете и поради тоа ви го дале тој совет. Но како и да е ако веке има навистина атопичен дерматит ви препорачувам да ги одбегнувате сите алергени материи кои ви ги набројав.

Се извинувам, не сум Ви објаснила убаво. Не ми рекоа на лекар, туку пријатели. Не специфично за мене, туку општо дека секоја доилка не треба да јаде чоколадо. Па затоа прашувам, дали тоа важи за сите или ако се забележи нешто кај бебето треба да се промени исхраната.
Ви благодарам уште еднаш.


Нема врска со доењето, дезинформација е тоа. Чоколадо нема да једете само ако ви каже лекар ,или во случаи како што ги објаснив за сувата кожичка но повторно и тоа треба да го каже лекар.Во спротивно јадете колку што ви сака душата.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   26.12.08 0:16

katenm напиша:
Jas momentalno dojam a denot bez cokolado nemoze da mi pomine i ne samo cokolado jadam i drugi cokoladni proizvodi

Значи доилката треба да има здрава и богата исхрана и да пие многу течности. Апсолутно погрешен е муабетот дека доилка не смее да јаде чоколадо. Точно дека чоколадото заедно со други алергени , како што се цитратното овошје,оревите,бадемите,лешниците , во одредени моменти треба да се избегнуваат од исхраната. За ова веке многу пати напишав ! Денешните модерни болести кои се на алергиска основа како атопичниот дерматит,кој е најзастапен кај доенчињата и новороденчињата , бара диета т.е исфрлање на доилката сите горенаведени алергени материи и крема наменета за сувата детска кожичка.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   26.12.08 23:14

miteva.sanja напиша:
Mene doktorkata mi kaza da ne jadam cokolado, kikiriki i jajca, a ovosje retko, i se pridrzuvam kon toa, a Ivana ima nogu suva i osetliva koza, samo me interesira do koga ne treba da vnesuvam takva hrana< Dali se dodeka dojam ili dodeka da pocne Ivana so druga ishrana osven majcino mleko?
i uste nesto, Ivana ima skoro 5 meseci, vcera primi 3 vakcini, i kaci temperatura, no isto taka i primetiv deka i tece noseto i kako da podkasluva, dali e mozno da e toa od vakcinite reakcija ili nastinata e?

До таквиот режим треба да се придржувате се додека доите, а подоцна не треба да му давате на вашето дете се до навршенета прва година. После првата година , се внесува малку по малку за да се исклучат алергиските реакции. Што се однесува до температурата, течењето на носето и кашлицата, не се реакција на вакцината, туку симптоми на настинка, но мојата препрака е да појдете кај матичниот педијатар да изврши преглед , поради брзите клинички промени кај децата на оваа возраст.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   26.12.08 23:21

vecki напиша:
Doktorka moeto devojce e 2 godini na 3 dekemvri zavrsi so pancev poradi streptokoka pnevmoni vo nose a; od 25 noemvri pie Zirtek redovno poradi opstrukcii koj gi pravi postojano .Esega bese tri nedeli dobra dali od Pancefot ili Zirtekot neznam samo sto denes pocna da tece noseto cista vodicka kako i sekogas koga i se rastekuva .inaku ne e mesana so bolni ne odi vo gradinka

Штом е детето ставено под заштита со антихистаминска терапија ( против алергија ) тогаш ова би требало да е горно респираторна инфекција од вирусно потекло т.е настинка. Како прво немојте никако да прекинувате со зиртекот, а за растеченото носе купете капки или спрејче за нос на пр. синомарин . Вадете ги мрсулчињата со пумпица, ставете го детето да спие на повисока перница, и давајте витамин Ц, 2 до 3 пати во денот. Давајте повеке течности:сокови,чаеви,супи,вода...
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   26.12.08 23:44

Пандорче напиша:
Јас го дојам мојот 3 месечен син и вчера и денес тој има пролив (или барем така мене ми се чини). Докторке ме интересира од што може доенче да има пролив, дали е можно тоа да е од мојата исхрана или не???


Столицата кај доенчињата не е оформена туку е повеке течна , златно золта со киселкаст мирис. Нормалниот број е 3-6 столици , а се толерира и да нема столици и до седум дена. Под поимот пролив кај доенчињата се подразбира столицата да биде течна , да биде позачестена , бојата се менува најчесо зелена, и се многу смрдливи. Понекогаш исхраната на доилката има влијание како исхрана богата со железо-спанаќ, со целулоза-грав,леќа,грашок,боранија, или зелка. Сепак ако ваквата состојба трае повеќе од два дена треба детето да го однесете кај вашиот матичен педијатар.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   26.12.08 23:48

Emi напиша:
Денес Милена кога се разбуди беше многу вцрвенета во образите, беше многу нервозна цел ден, и кога гледам долната тријка почнала да излага...црвените образи остаанаа во текот на денот и уште е црвена?? дали е тоа поврзано со запчето?

Симптоми поврзни со излегување на забите се : покачена температура од 37,5 до 38,5 степени, пролив или зачестени столици, малаксалост, намален апетит, раздразливост, детето е плчливо. Црваеното обравче е од друга природа, најверојатно изиритирана сува кожичка. Нанесете на лиценцето крема за сува кожа.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   26.12.08 23:56

kokice напиша:
Доктор Радица, сакам да прашам кога треба да почнам на ќерка ми да и давам белка од јајце и по колку да почнам да и давам и ако има алергиска реакција каква би била и по колку време по конзумирањето би се јавила? Ви благодарам

Белката од јајцето се внесува во исхраната по наполнувањето на првата година. Се започнува со постепено давање , на пр. 1/8. Реакции треба да очекувате најрано од половина час , па до 24 часа. Реакциите би биле од кожен осип- како осип од коприва наречена уртикарија кој е по цалото тело, алиментарни-пролив, повраќање,респираторни-сува надразнителна кашлица. При воведот на исхрана многу битно е во денот да внесувате само еден нов производ за доколку би дошло до алергиска манифестација, полесно да се најде причинителот..
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   27.12.08 0:01

Emi напиша:
Денес и носот и тече, како водичка прозирно, а црвенилото и се повлекува, и има зачестени столици по ретки

Незнам дали ви напоменав , кога излегуваат запчињата имунитетот кај нив се намалува па често тие се разболуваат од вирусни настинки. Па често гледаме дечиња со растечен нос и набрекнати и воспалени непца. Во носенцето ставајте капки или спреј како синомарин, давајте витамин Ц 2-3 пати во денот и повеке течности. Ако состојбата се влоши посетете го вашиот матичен педијатар.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   27.12.08 0:13

Simona's mom напиша:
Докторке ,сакам да Ве прашам нешто во врска со календарот за имунизација.Керка ми има 3 години и еден месец,во книшката гледам дека следна ревакцина е на 4 години -пертусис.А кога живеевме во Битола,во тамошниот диспанзер ни рекоа дека ревакцината е на 3,5 години.Дали ова прави разлика и дали датумот се пресметува од времето кога ја примила првата ревакцина(10 09 2007)?
Ви благодарам

Првата,втората и третата доза се примаат во 4,5 и 6 месец. Првата ревакцина се прима по истекот на една година од вакцинацијата т.е на 18 месечна возраст.
Втората ревакцина се спроведува во четвртата година , а најдоцна до наполнета петта година од животот. Оваа ревакцина нема поврзаност со датумите на претходно приментите вакцини, за разлика од другите вакцини и ревакцини за ди-те-пер за кои важи претходниот датум.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   27.12.08 19:08

[quote="Emi"]Фала бескрајно многу докотрка!!!
а дали препорачувате капки за нос со антибиотик?[/quote

Во вашиот случај не препорачувам, затоа што од носето тече секрет бистар како водичка. Тоа е карактеристика на една настинка-вирусна инфекција, а антибиотиците не делуваат на вирусите! Доколку давате антибиотик, вие ке делувате смо на нормалната флора и ке ја пореметите одбранбената функција на слузницата на носот. Доколку секретот од носот е обоен-жолт или зелен, и густ тогаш препорачливо е да се почне со локален антибиотик, во форама на капки за нос со антибиотик.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   28.12.08 12:51

Mimi напиша:
Поздрав до Д-р Радица,
д-ка, син ми на 12 месеци имаше пневмонија, лежевме во болница и се опорави. 7 месеци потоа не одеше во градинка, и беше сосема здрав. Откако се вративме во градинака, на 3-4 недели ни протекува носот, па кашлица и на крај завршуваме со антибиотик. При секое давање брис од нос и грло, само во носот се појавува streptococcus pneumoniae, и тоа после терапијата со антибиотик. Може ли да ми кажете како да ја елиминираме бактеријата, зашто изгледа дека со терапијата не ја елиминираме, туку само ја неутрализираме и од време на време (кога е паднат имунитетот, или некои други причини) почнува да делува и ни прави проблеми. Моментално примаме Loratadin (бидејќи се сомневаат дека е алергиска реакција) и Ventolin (кркори кога спие), а ни препишаа и Амоксоклаф. Терапијата е орална.
Благодарам однапред.

Стрептококните бактерии најчесто го населуваат носот и грлото. Се пренесуваат преку плунката, преку зборување, кивање, кашлање. За да се пренесе таа бактерија треба детето ваше да има контакт со друг заболен или носител на таа бактерија. Некои луѓе дури имаат и генетска предиспозиција за полесна ,,лепливост,, на ваквите бактерии. Како прва можност, каде што се заразува детето, ке ја посочам градинката. Потребмо е да се прават брисеви колективни, поточно во исто време да им бидат земени на сите дечиња, со цел да се утврди навреме кој е преносителот. Потоа, препорачувам да направат брис сите блиски кои се во контакт со детето, мајка,татко, братче,сестриче,баба,дедо.....За жал терапијата е антибиотска и тоа кај малите деца е и орална а може и локална. Доколку не може да се најде изворот на заразата, а детето е постојано со инфект најдоброто решение за здравјето на детето е изолација од градинка.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   28.12.08 13:44

verce напиша:
Pozdrav.Na 9 godisno detence zapocnaa da mu rastat bradavici po teloto.Kaj kozen lekar kaj nas ,mu gi gorea .Pocnaa infekcija i se pretvori vo rana.Toa pomina no pocnaa na drugo mesto da rastat.Sto da se prezeme koi se pricinite za rastenjeto i kol kozen leka ke ni go preporacate.Vi blagodaram

Брадавиците се вирусни инфекции кои најчесто се појавуват на прстите и рацете. Доколу не се лечат се пренесуваат и по другите делови на телото. Терапијата е со горење со течен азот.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   07.01.09 21:52

mama напиша:
Срекни празници докторке! Оваа година да ви биде поуспешна од предходната!!!

Имам две прашања.
Дали е подобро на син ми да му давам превриена вода од чешма или флаширана вода(и која)?

Десното око на син ми му е зацрвенето(надворешно) ми рекоа да го мијам со камилица.Му се повлече и пак се појави.Сабајле имаше секрет во ушната школка од десното уво(колку зрно лека).Дали е тоа загрижувачко? И на маж ми и на свекрва ми ушите повеке им лачат од тој секрет(не знам како се вика правилно ама мислам дека ке ме разберете).Можно ли е да е наследно?

Слободно може да му давате на вашето дете превриена вода, а доколку имате финансиска можност можа да му давате и флаширана со назнака јуниор.
Што се однесува до секретот од ушите, не треба да се загрижувате. Тоа се вика церумен кој го лачат жлезди сместени во каналот на увото. Ова лачење некогаш може повеке да се потенцира доколку многу често се чистат ушите. Ушите не се чистат со чепкалки за уво, туку само со врвот на пешкирот се бришат. Исто така, лачењето на секретот е и генетски предиспониран.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   07.01.09 22:00

svetle simeonova напиша:
Ви ги честитам новогодишните и Божиќните празници и Ви посакувам многу здравје, радост, среќа и успех ! Имам едно прашанје, можеби е малку необично-керка ми Сара има 8 и пол месеци и приметив дека на градите поточно(морам да се изразам народски)цицињата и на двете има стврднување, ова го осетив при допир. Дали ова е нормално и доколку не е што ме советувате, дали треба да дојдеме кај Вас на преглед?Ми рекоа дека не требало да има такво нешто и во тој случај треба да се оди кај ендокринолог.Ве молам за одговор .Благодарам

Ви благодарам на честитиките , и на Вас ви ги честитам празниците и Ви посакувам многу здравје , срека и успех.
Тврдина на дојките е карактеристично кај доенчињата, и машки и женски . Настанува како резултат на хормоните од мајката кои се пренесуваат преку млекото кај доенчето. Трае неколку месеци. Нема потреба од загрижување.Нема потреба од прекинување на доењето , ниту пак некоја терапија да зема мајката. Доколку покрај твдина има и црвенило, оток... тогаш потребен е преглед и терапија.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   07.01.09 22:02

miteva.sanja напиша:
Срекна Нова 2009 година и Срекни Божиќни празници!

Прашањето е, Дали смее да се користат некои етерични масла во навлажнувачите на воздух, и ако смее кои ги препорачувате?

Не се препорачуваат , поради алергиските манифестации кои ги предизвикуваат, како кашлица, ларингити, бронхити. Навлажнувањето на воздухот треба да биде само со ладна вода т.е на ладна пареа.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   07.01.09 22:08

Mama Ane напиша:
Најпрво Ви ги честитам празниците, а потоа поставувам прашање Smile
Во вторникот на Борјан му земавме брис од уво, нос, грло и очи и веднаш после микробиологија го однесовме кај Вас на преглед. Поради црвено грло ни препишавте Аугментин и цитерал капки во очите поради засилен секрет. Терапијата сеуште ја примаме и денеска ги земавме резултатите од микробиологија каде е пронајдена Rhinopharyngitis chronica бактерија во носето. Дополнително на наодот стои - Микроорганизми со антибиограм - Branhamella catarrhalis (Moraxella). Според тоа јас што се разбирам можам да видам дека бактеријата е сензитив и на Аугментин и на Цитерал. Прашањето ми е дали со оваа терапија може бактеријата да се изгуби? Дали е сериозна бактерија која може да донесе несакани последици? и дали откако ќе завршиме со терапија потребна е нова?

Ви благодарам на честитиките, и јас ви ги честитам празниците ! Според ова што ми го кажавте терапијата што сме ви ја дале одговара на бактеријата мораксела и треба да се исчисти. После примањето на терапијата треба да се направи повторно контролен брис за да се види ефектот од терапијата. Сепак за да се потврди ова што ми го пишавте дојдете на контрола за да го погледнам известајотод микробиологија. Бактреијата не е сериозна не треба да ве загрижува, но сепак треба да се излечи.
Вратете се на почетокот Go down
Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност


Female
Број на мислења: 114
Age: 61
Локација: Скопје
Поени: 10359
Registration date: 2008-11-27

ПишувањеПредмет: Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!   07.01.09 22:10

sonjamfk напиша:
srekna nova godina. mnogu zdravje, radost i sreka vo istata.


Ви благодарам ! Среќни празници , многу здравје, успех, среќа,љубов....!
Вратете се на почетокот Go down
 

Стручни совети од областа на Педијатријата!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 36Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4 ... 19 ... 36  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Родители и деца :: Архива-