Родители и деца

Стручни совети од областа на Педијатријата!

Страна 2 of 36 Previous  1, 2, 3 ... 19 ... 36  Next

Go down

одговор на илинче

Пишување by Радица Маџоска on 14.12.08 18:49

Доколку детето повраќа тогаш се препорачува да стевите чепче. Обидете се дајте повторно сирупче Далерон ако повторно поврати купете чепчиња. Давајте и електролити хумана растворени во кока кола или хип орс сокчиња за рехидратација. Иако детето не е дехидрирано тоа помага да се смири желудочната слузница и да прекине повракањето.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 14.12.08 18:55

Радица Маџоска напиша: Терапискиот ефект на далеронот се постигнува 30 мин по орална апликација и трае околу 4 -6 часа. Доколку детето повраќа тогаш се препорачува да стевите чепче. Обидете се дајте повторно сирупче Далерон ако повторно поврати купете чепчиња. Давајте и електролити хумана растворени во кока кола или хип орс сокчиња за рехидратација. Иако детето не е дехидрирано тоа помага да се смири желудочната слузница и да прекине повракањето.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Nate_David on 14.12.08 19:13

Zdravo dr.Madzoska pozdrav do vas imam edno prasanje ne znam dali e vo kontekst so ovaa tema no se nadevam deka ke mi odgovorite.Na sekoe masko bebe posle nekolku meseci od zivotot moralo da mu se pravi zavratuvanje na poloviot organ jas ne mu pravam nisto od tie raboti jas se plasam da ne nastani nekoj problem...ve molam za odgovor
avatar
Nate_David
Форумски зависник
Форумски зависник

Female
Број на мислења : 1166
Age : 31
Локација : Prilep
Расположение : interesno
Поени : 18389
Registration date : 2008-07-10

Вратете се на почетокот Go down

одговор на тачи

Пишување by Радица Маџоска on 14.12.08 21:55

Исхраната на доенчињата до 6 месеци треба да се состои само од мајчиното млеко. Тоа е составено од протеини, јалехидрати, масти , имуноглобулини, минерали, вода... концентрирани и прилагодени за секој период од доенечката возраст, при што му овозможуваат доволен калориски внес потребен за правилен раст и развој. Мајчиното млеко го создава и јакне имунитетот на доенчето и му дава сила да се справи со многуте инфекции со кои доаѓа во контакт секојдневно. Значи до 6-от месец се препорачува само доење, а потоа може да се почне со воведот во исхраната и тоа најпрво со сокот од јаболко. Што се однесува за постоперативниот тек, уште во болница детето ке се храни со назогастрична сонда , преку која детето ке се храни со мајчино или адаптирано млеко. Кај малите деца репаративниот систем -системот на обнова е многу јак , во случајов потпомогнат со плунката која содржи материи кои ја обновуваат слузницата на непцето и при тоа делуваат и антибактериски, така да целиот процес ке трае 2-3 дена , а потоа тоа нормално ке може да цица.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

нате_давид

Пишување by Радица Маџоска on 14.12.08 22:11

Мојот став е дека отворањето на половиот орган кај машките деца во првите месеци треба да се остави на матичниот педијатар кога детето доаѓа на редовните контроли. По првата година кај машките деца почнуваат да се јавуваат утрински небрекнувања на половиот орган при што физиолошки си се отвара кожичката над главчето на половиот орган. Кога ке процени вашиот педијатар дека треба да го отварате за да го помогнете овој физиолошки процес, тоа може да го сторите после бањање кога кожичката под дејство на топлата вода е најрастеглива и така нема да му направите болна траума на вашето дете.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 16.12.08 23:35

verce напиша:Imam uste edno prasanje iako na prvotu seuste nama odgovor.Zabelezuvam vo posledno vreme deka na mojata 2 godisna kerka i mirisam mokracata.Ima dosta neprijaten miris koga ija menuvam pelenata nautro koga ke se razbudi.Ima normalna ishrana ,a pie samo d3 kapki i c vitamin.Koja moze da bide pricinata i dali treba da se obratime na laboratorisko ispituvanje na mokracata poradi jakiot miris.

Промената на миризбата на мочката може да биде предизвикана од инфекција на уринарните патишта , инфекција од кандидално потекло на дудето , пропратено со црвенило и чешкање исто може да биде причина., но може да биде и од исхраната на пример пиењето на многу јогурт, кисело млеко може да даде покиселкаст мирис.... Во принцип уринарните инфекции скоро никогаш не одат без температура, така да јас до некаде и би исклучила постоење на таква инфекција. Но како и да е најдобро е да се направи една контролна обична урина и по резултатот да се расуди.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 16.12.08 23:51

verce напиша:Pozdrav za vas doktorke i edno prasanje.Mojata kerkicna koja sega ima 2 godini uste id bebe slabo mi napreduva.No konstatacija na nasiot pedijatar i moja e slabata ishrana toes postojanota odbivnost na hrana.Rodena e so 2900 g i 50 cm.Prviot mesec napredna 1100 g samo na doenje.E podocna zapocna da odbiva da cica i do 6 meseci edvaj dostigna 6050 g.Zapocnavme so dohrana no mnogu tesko idese ednostavno nema apetit a e mnogu zivo i temperamentno dete.probavme i so multivitaminski sirupi na apetito e neznacitelen.Place sekogas koga ke vidi deka treba da ja hranam.Na edna godina imase 8200g.O edna do dve godini ja nemame mereno sekoj mesec ,imase padovi i dobri denovi vo ishranata .Sega na dve godini ima 10 kg i 500 g a visoka e 92 sm.Zdrava e i vesela.Me intersira koja e pricinata na toa odbivanje na hrana i kolku e prosecnoto napreduvane na decata od 1 do 2 god?

За време на доенечкиот период бебињата подобро напредуваат, поточно тие треба со нивни полни 5 месеци да ја удвостручат тежината со која излегле од родилиште,а на полна една година треба да ја имаат утростручено таа тежина. Предшколското дете пак, во втората година драстично го успорува растот така да во просек прирастот на тежината во целата втора година ке биде 2,5 кг, а растот во висина ке биде во просек 12 цм. Моментално по нејзината тежина се наоѓа на 6-от перцентил по кривата за тежина, а висината е во 95-от перцентил . Тежината на децата која паќа под 3-от перцентил го викаме одстапување на тежината, а дечињата чија висина е над 97-от перцентил одстапуваат во висината од нормалата. Од ова што го пресметав заклучувам дека вашето дете сепак нема проблеми со тежината, затоа што е доста високо, значи повеќе оди во висина одколку во тежина, потоа е доста физички активно и трето кое не смее да се заборави е генетската предиспозиција т.е какви сте вие и вашиот сопруг по конституција и какви сте биле како деца. Од сето ова ке извлечете одговор се надевам...

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 17.12.08 22:45

Пандорче напиша:Поздрав до вас докторке!!!
Јас сум мајка на 3 месечен син. Во последно време, поточно пред два-три дена почна носето многу да му се запушува и од тоа потешко дише. Му ставам физиолошки раствор ама не сакам да претерувам за да не му се створи уште повеќе слуз. Моето прашање е што го предизвикува запушувањето на носот и како треба да постапиме во тој случај.
Ви благодарам

Овие симптоми што ми ги наведовте се карактеристика на две состојби кои и двете се банални . Едната јасно е вирусна инфекција или настинка , донесена од некој веке болен кој го гушкал детето, и втората состојба е сувиот воздух кој е проблем во зимскиот период поради топлењето. За настинката се препорачува форсирано доење, физиолошки раствор, спиење на повисока перница за да му се олесни дишењето и може да дадете таблетка витамин ц од 50 мг по една во денот. За сувиот воздух , кои проблеми се јавуваат најчесто околу 4-5 часот наутро со запушено носе , купете си овлажувач на воздух со ладна пареа и ставете му на детето капки на пр. синомарин наменети за бебуши до 3 месеци, ги има по аптеките, или капки адрианол т., по една какпка.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 17.12.08 22:48

Juni08_Andrea напиша:Doktorke,imam i jas edno prasnje i bi sakala da go slusnam vaseto mislenje.Koj toplomer go preporacuvate da go koristime?Ovde nasiot pedijatar ni ima receno nikako toj za vo uvo,celo ili toplomer cucla.Dali mislite deka tie toplomeri pokazuvaat tocno isto kako i toj za pod pazuvi?
Vi blagodaram.

Сите топломери покажуваат различна температура , но најдобар и најточен е или живиниот или дигитален топломер за под пазува. Ја сви препорачувам да си користите еден од овие два.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 17.12.08 22:53

Kinky напиша:Д-р Маџоска, кој е вашиот став во врска со вакцината ХИБ?
Советувате ли да се боцнат дечиња над 1 годинка, кои не ги примиле првите две дози?

Ви благодарам.

Бактеријата Хемофилу инфлуенца тип б , е застапена во сите возрасни групи, но најмоги може да им наштети на децата со сеуште неразвиен систем , како и на старите кои се со ослабен имун систем. Како и да е и од децата до 1год , најмогу се афектирани од оваа бактерија , потоа се децата до третата година а, на трето место се децата до 5-тата година. Што значи дека пожелно е , ако имате можности да ја купите вакцинта и да го вакцинирате детето, да го сторите тоа!

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 17.12.08 22:55

verce напиша:Vi blagodaram doktorke na iscrpniot odgovor.Imate pravo za genetskata predispozicija Smile Jas kako mala sum bila mnogu slabicka a i sega so 23 god i rodeno dve deca edvaj imam 43 kg.Verojatno e toa iako i nesaka nisto da jade.
Ke napravime edno ispituvanje na mokracata nema nekoi carvenila se e vo red,a od ishranata sega se setiv dali moze da ima taka neprijaten miris,deka zapocnavme da i davame da pie kozjo mleko?

Ако детето го конзумирало млекото во големи количини можно е да е миризбата од тоа, но сепак да не се експериментира и да не се темели на претпоставка , ви препорачувам да направите контрола на урината !

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 18.12.08 19:05

Пандорче напиша:Докторке го користиме екодермот за мачкање-масирање на телото на нашиот 3 месечен син, па ме интересира дали истиот може да му го нанесувам и на лицето.
Голем поздрав и уште еднаш Ви благодарам!


Слободно може да го ставате и на лиценцето.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 18.12.08 19:25

rich_bitch1 напиша:моето бебе има скоро три месеци.откако е родена се нафрла со ситни брунцинја по лицето и целото тело.прво ја мацкав со еозин црвена вода,не и помогна многу,после ми рекоа со белогент,па на крај ни рекоа јекодерм.се испробавме и нисто не ни помогна.педијатарот вели дека е инфекција ама не казува за каква инфекција станува збор?од сто мозе да и се појавуваат?


Иако ми давате многу малку информации за типот на осипот, ке се обидам да ви одговорам. Можна е инфекција , таа е најчесто стафилококна ,која нормално се наоѓа на површината на секоја кожа ,и која инфекција најчесто се гледа во родилиштата и во првите неколку недели од животот на новороденото. Ако се третира правилно со еозин преку ден,и гарамацин маст навечер, исчезнува. Но мојата претпоставка ,а и од терапијата што ви ја дал вашиот доктор претпоставувам дека не се работи баш за инфекција. Не ми дадовте податок дали кожичката на вашето дете е сува, доколку е сува тогаш веројатно се рабити за атопичен дерматит или егзема кој се потенцира на ладниот воздух. Кожичката се мачка со крема наменета за сува кожа која на пазарот ги има доста(мустела,еуцерин, др.таис...) и со правилна исхрана кај мајката која претпоставувам дека дои. Кравјо млеко, риба , чоколадо, портокали, лимуни,киви,цитрони, ореви , бадеми лешници...се сметаат за алергени материи кои преку млекото детето ги конзумира, и при тоа се создава алергиска реакција која се манифестира како осип по кожата, карактеристика на овој осип е : на црвена,воспалена,сува,кожа расфрлани ситни бубулички. Сепак за да се даде прецизна дијагноза потребно е детето да го однесете кај педијатар , за да процени и за типот на осипот а и за типот на терапијата.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 18.12.08 19:46

[quote="tanja_simon"]zdravo doktorke.jas sum majka na 14mesecno bebence na 11 mes imase pleumonija ne pratija vo kozle napravivme rengen i bese zafatena cela desna strana piese pancef sirup a eve za dva meseci povtorno pleumonija pak pancef ama ima mnogu slaem nejke voopsto da jade samo tecnosti pie i mnogu e nervozen samo place.ve molam za sovet sto da pravam.pozdrav[/quote


Ја разбирам вашата загриженост, навистина две вакви инфекции едно подруго бара поактивно ангажирање оклу пронаоѓањето на причините за ваквите инфекции. Моја препорака е да се направи :
1.Пнеумослајд - тоа е процедура од која се гледа дали постои некој причинител од вирусно или бактериско порекло, а се предизвикувачи на атипични пнеумонии кои бараат поспецифичен третман со одредени типови на антибиотици.
2. Редген слика на бели дробови
3.Трахеален аспират - се зема искашлок и се испитува микробиолошки, со цел да се види дали белодробното стебло е населено со некоја бектерија.
4. Изолација на детето од градинка , доколку посетува, или од контакт со други болни деца.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 18.12.08 22:07

tanja_simon напиша:fala doktorke na odgovorot,akaj se pravat tie ispituvanja na klinikata vi kozle..a dali i nejadenjeto igra nekoja uloga zosto voopsto deteto nema apetit i sto vitamini da mu davam ima 14 meseci.blagodaram


Испитувањата може да се направат и во Козле и на Клиниката за детки болести. Немањето на апетит секако дека има улога во оформување на имунитетот а со тоа индиректно влијае и на одбраната од инфекции. Но исто така немањето на апетит е врзано и со постојаните инфекти кои ги има детето. Значи , за да не се вртите во тој магичен круг, прво треба да се решат инфекциите, а потоа кога ке се среди детето ке работите на проблемот апетит.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 18.12.08 22:22

maskoe напиша:Почитувана Др.Радица, и моето бебенце пред неколку дена се исвла со ситни бунчиња на лицето и на вратчето.,Мислев да не се од топло сто му било ама еве не се повлекуваат.Ве молам за совет.


Кај Алексеј, може да се работи за стафилококна инфекција, тие се ситни бубулички со големина на глава од спенадла и се густо распоредени на зафатената површина. Стафилококот е бактерија кој е нормално присатна на кожата , но кај новородените кожната бариера е се уште фрагилна лесно се оштетува а со тоа и лесно се инфицира. Затоа стафилококната инфекција е и најчеста во првите неколку недели од новороденчето. Терапијата се состои од премачкување со еозин преку ден а навечер со маст гарамицин на местото на осипот. Поради тоа што повекето кожни болести се карактеризираат со некаков тип на бубулички, тешко е да се одреди дијагноза на невидено! Поради тоа моја препорака е да го однесете детето кај вашиот педијатар !

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 18.12.08 22:24

Бубе напиша:ние уште немаме одбрано педијатар, па ќе може ли да ни кажете каде работите (во кој дел од Скопје) и да ни оставите телефон за контакт.

Мојата ординација се наоѓа во поликлиниката Ѓорче Петров во истоимената населба.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 21.12.08 13:07

Emi напиша:Докторка навистина благодарам на сите досегашни одговори, мене сето ова напишано многу ми значи.
Ние имаме проблем пак. суво кашла, се буди ноќе и плаче по саат време ништо не ја смирува, незнам дали се забите во прашање, грлото и е малку црвено, ама не прима никаков сируп, со течности сме и витамини.
Ме интересира кој витамински сируп препорачувате за деца над 1 година, дали да и давам нешто за јачање на имунитет?


Сувата кашлица како симптом се јавува кај повеќе заболувања, од настинка, црвено грло, воспаление на гласните жици, бронхитис.... За да се утврди за која состојба се работи треба да се направи преглед : аускултација на белите дробови, преглед на грленцето и по можност крвна слика.
За вознемиреноста на детето може да се препише на вадењето забчиња, но и тоа треба да се види и потврди.
За сирупче витаминско може да почнете со пиковит.
За најпрвин да го заштитите детето од инфекции треба да го изолирате од средина кај што има болни деца како градинките, училиштата,играњето со болни дечиња..., потоа да му давате здрава исхрана богата со протеини , витамини...се додека детето не закрепни малку. Но секако детето треба и да се социјализира а на некој начин и преку разболувањето тоа стекнува имунитет !

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 21.12.08 13:17

Anika напиша:Др.Радица, кај мојата 18 месечна ќерка приметив дека тенот на кожата не и е ист како порано, некако е пожолтеникава за разлика од другите деца. Сакам да прашам дали може да се работи за жолтица, кои се симптомите за оваа болест, преку кои параметри во крвта може ова да се испита и како се приметуваат (ако постојат) проблеми со црниот дроб?

Постојат неколку типови на заразна жолтица кои се пренесуваат преку нечисти раце, преку контакт со крв која е заразена со тој вирус, од мајка заразена со хепатит во актот на раѓањето... Симптомите се општи. Најпрвин започнуваат со малаксалост , губење на апетит, болка под десниот ребрен лак, температура, а кај некои се јавува и повраќање и пролив. Подоцна се јавува мочка со боја на пиво а може да се јави и бела столица. Кожата се пребојува со жолта пребоеност заедно со белките на окото.
Друга состојба која веројатно се работи кај вашето дете е преголемата конзумацуја на храна богата со бета каротен кои и даваат жолта пребоеност на лицето особено на носот и рацете. Бета каротенот се наоѓа во морков, праска , тиква, кајсија...значи се што е жолто ! Намалете со таквата исхрана , не пијте жолти сокови туку само бистри и од грозје. јаболко шумско овошје....и пребоеноста на кожата ке исчезне.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 21.12.08 13:41

verce напиша:Jas imam edno prasanje .Dali ste zapoznaeni so sumlivite tableti Calcium sumleta na Belgratskata fipma Protehna.Za nivniot sostav i dali smejat da gi koristat moite deca od 2 i 4,5 god Kako imuno stimulator, bidejki kolku sto jas imav moznost da procitam sodrzat maticen mlec koj go preporacuvata za decata.Vo upactvoto pisuva deka moze da se koristi za deca no sumlivite tableti sodrzat 500 mg kalcium ,jas mislam deka toa e golema doza za deca.Sto na toa vie ke kazete ?Vi blagodaram.

Калциумот во организмот е неопходен за живот и развој на секоја жива клетка, а особено за нормална калцификација на коските, за трансмисија на импулсите преку клетките за коагулација на крвта итн... Но секако ваквата доза како што ја нуди овој препарат се користи самово сосотојби кога има недостиг на калциум во организмот а тоа се јавува при слаба апсорбција на дигестивниот тракт , бременост, лктација и кај стари лица. Точно е дека децата во текот на растот имаат потреба од калциум но тие го добиваат : доволно е секој ден да се конзумира 250 мл јогурт, млеко или 200-300 грама сирење, урда. Додатокот кај децата се дава во форма на капки вигантол , АД перли или рибино масло ! Максималната доза на калциум за возрасни е 500мг-1 г.
Кај децата ваквите препарати се даваат само во одредени ситуации строго препишани од лекар.Можат да се јават и некои несакани последици како брадикардии, аритмии, гастроинтестинални тегоби!
Исто така, матичниот млеч не се препорачува за оваа возраст затоа што предизвикува алергиски реакции.
Така да мојот став е дека не ви го препорачувам овој препарат.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 21.12.08 14:33

baby24 напиша:Jas imam edno prasanje.Sega sun bolna i mojata doktorka mi prepisa ospen ,mi kaza deka samo toa smeam da pijam bidejki dojam i deka ne e stetno za bebeto.Mene me interesira dali pokraj ovie tableti smeam da se napijam paracetamol za temperatura da ne slucajno mu smeta na bebeto deka i ospen pijam i plus paracetamol.Odnapred blagodaram.

Слободно можете да пиете и парацетамол заедно со оспенот , и двата лека не се излачуваат во млекото и се безбедни за користење кај доилки.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 21.12.08 14:35

Eva Marija напиша:D--r Radica, dali mozete da kazete koi se simtomite na urinarna infekcija kaj bebinjata. Jas imam tromesechna kjerka i postojano se plasam da ne fatila infekcija so ogled na toa deka ponekogash koga i ja menuvam pelenata a taa izvrshila golema nuzda, del od kakeshkite i ostanauva i na dudeto.

Основен симптом е температурата која се движи над 38 и не се симнува со антипиретик. Кај поголемите дечиња и црвенилото оклу половиот орган , сменетата миризба на мочката може да укажува на инфекција.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 24.12.08 0:54

Emi напиша:Докотрка Милена е родена со хемангиом, дали може да ми кажете нешто повеќе за ова.
Кај нас не расте, стои со иста големина и одиме на контрола на секои 6 месеци.

Хемангиомот претставува ткиво создадено од неправилно сраснати крвни садови и тоа од голем калибар-кавернозен хемангиом, или крвни садови од мал калибар - капиларен хемангиом. Овие дефекти на крвните садови се од вродено потекло. хемангиомите можат да бидат површни или кожни и длабоки или хемангиоми на коски, црн дроб, мозок, мускули. Кај вас се работи за површен или кожен уште познати како флеки од вино, кои можат да се најдат на било кое место на кожата, при затегање на кожата исчезнуваат. Некои од нив исчезнуваат во текот на првите месеци од животот, додека други остануваат трајно.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 24.12.08 1:01

rich_bitch1 напиша:незнам дали прашанјето е за овде ама сепак ке го оставам.моето три месецно бебе секогаш после банјанје врекса многу.значи додека се банја трае ама кога иде ред за облекуванје се дере со сите сили,некогаш дури и гласот го губи од што вика на цџел глас.не дава рачинјата да и се облекуваат никако.и имам голем проблем со тоа.знам дека е мала и дека сега колку и да зборувам нема да разбере ништо,дали постои причина за овој плач или е нормално кај бебинја на нејзина возраст?постои ли некое решение или да чекам да зарасте и сама да го загуби стравот?

Немате причина за загриженост. Таквата појава е нормална кај бебињата. При бањањето тие се затоплени, се чувствуваат пријатно и се задоволни, но при вадењето од топлата вода , поради големата површина на кожата, многу брзо се ладат и бебињата чувтвуваат студ ! Тоа ги дразни и плаши и тоа незадоволство го манифестираат со силен плач. Затоплете го просторот каде што го бањате детето до температура од 18-20 степени , со текот на растењето ова ке се надмине.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Радица Маџоска on 24.12.08 1:17

sneze напиша:.Марко има две год. и многу се плаши од непознати .Кога ќе му се обратат веднаш почнува да вришти. Иста приказна е и кога одиме на лекар одвај го прегледуваат. А на гости одиме само кај сестрами што ја знае но и таму првите 20мин . е хаос од плачење а после е подобар и му треба едно два часа да се опушти и да си игра. Како да го научам да не се плаши а сеуште не збори и толку разбира да му објаснам дека не е страшно ништо.

Марко е сеуште мал за да разбере дека не треба да се плаши од другите луѓе. Тој можеби ве сака само за него па љубомората на тој начин ја манифестира, но како и да е тоа фаза во психологијата низ која ја поминуваат сите деца особено машките , и при тоа сите деца различно ја манифетираат. Оваа фаза трае до третата година и до тогаш се толерира ( и тоа што не зборува) со што вие за тоа време понапорно ке работите да го социјализирате детето, и тоа најдобро низ игра, почесто и на пократок временски период ке го носите кај луѓето што ги знае и од кои не плаче...По третата година се превземаат мерки во смисла работа со некој детски психолог кој повторно низ игра го учи детето.

Радица Маџоска
ВИП личност
ВИП личност

Female
Број на мислења : 114
Age : 65
Локација : Скопје
Поени : 17504
Registration date : 2008-11-27

Вратете се на почетокот Go down

Re: Стручни совети од областа на Педијатријата!

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 36 Previous  1, 2, 3 ... 19 ... 36  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот