Родители и деца
Не можете да се регистрирате на форумот бидејќи истиот е префрлен на сајтот

www.roditeliideca.com.mk



 
HomeHome  ПорталПортал  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Share | 
 

 Контактни леќи

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
Simona's mom
Ветеран
Ветеран


Female
Број на мислења: 571
Age: 36
Локација: Skopje
Поени: 10963
Registration date: 2008-08-17

ПишувањеПредмет: Контактни леќи   25.10.08 21:07

Пребарував низ форумот здравје и не најдов ваква тема,а веројатно некои од вас носат леќи и имаат одредени проблемчиња со нив.Носам леќи од 17 години,полутврди и немав никакви проблеми со нив до пред неколку години.Тогаш пиев Диане35 и во упатството пишуваше дека може да се јави нетолеранција на леќи.Некако ми звучеше чудно и претерано ама по два месеци и јас не можев веќе да ги поднесам.Ме дразнеа ми солзеа очите и видот не ми беше остар.Од тогаш сменив многу видови,пробав и меки ама уште не можам да ги најдам совршените.Моментално носам наочари.
Каков тип леќи користите,кој бренд и како сте задоволни?
И дали некоја од вас била на ласерска корекција на вид?
Вратете се на почетокот Go down
KAJA
Редовен посетител
Редовен посетител


Female
Број на мислења: 224
Age: 32
Локација: skopje
Поени: 10972
Registration date: 2008-08-13

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   27.10.08 11:49

jas nosam leki, meki se, i ne mi pravat problemi, samo sto me mrzi sekoj den vedi gi stavi gi Smile ne mi teknuva koj brend se, ke vidam pa ke ti kazam, za laserska korekcija ne sum, mislam toa e novo kaj nas,nasive doktori neka se podnaucat na drugi pa posel ke odam i jas Smile a ako imas moznost za vo stranstvo..toa e druga prikazna!
Вратете се на почетокот Go down
Emilija
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 2700
Age: 37
Локација: Скопје
Расположение: со тројцата мускетари
Поени: 11854
Registration date: 2008-07-11

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   27.10.08 12:07

Јас носев меки леќи пред да се породам првиот пат, па пак се вратив на леќи меѓу двете брамености. Сега пак сум со очила.

Од хормоните може да се јави нетолеранција на леќи. Мене ми се јави на почеток на 7-ми месец во првата бременост и кога отидов на доктор ми рекоа е супер што и до сега си можела да ги носиш. Отпосле се распрашав и дознав дека хормоните се криви за тоа. По препорака и додека се дои не носев леќи но не само заради хормоните туку и поради дремките што ги практикував додека бебето спиеше. За втората бременост знаев и веднаш ги извадив.

Се спремам да се вратам пак на леќи. Закон се. Не ме мрзи да ги одржавам ниту пак да водам сметка за хигиената. Се е до навиката, исто како и миењето заби. Наутро ги ставам, навечер ги вадам.
Вратете се на почетокот Go down
Natalija
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 1160
Age: 32
Локација: istocno od rajot
Расположение: nestrplivo
Поени: 11207
Registration date: 2008-08-30

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   27.10.08 17:35

I jas nosam meki leki. Da imam procitano deka za vreme a bremenost okoto ne moze da gi podenese. Inaku mislam deka nisto ne moze da gi zameni. Do pred nekolku godini se macev so ocila, stegaat vamu, stegaat tamu, ograniceno vidno pole i t.n. Sega mislam deka vidot si e moj, ne gi custvuvam deka gi nosam. Edinstvevno imam ptoblem navecer koga ce mi se izmorat ocite togas pocnuvaat da mi mrdaat i nekako da me grebaat. Rokot im e 12 casa na den nosenje, ama mene mi trebaat najmalku 18 casa neli? Pa ako nekoj ima slicno iskustvo, kazete mi kako da se prodolzi udobnosta i kasno do vecerta.
Вратете се на почетокот Go down
Emilija
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 2700
Age: 37
Локација: Скопје
Расположение: со тројцата мускетари
Поени: 11854
Registration date: 2008-07-11

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   27.10.08 18:56

Нате има во оптичарите вештачки солзи. И јас ги користев, вршат работа. Замисли јас сум цел ден пред компј. и до вечер можеш да замислиш како е. Вештачките солзи се добри или само исплакни ги леќите со физиолошки раствор и пак стави ги.
Вратете се на почетокот Go down
Natalija
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 1160
Age: 32
Локација: istocno od rajot
Расположение: nestrplivo
Поени: 11207
Registration date: 2008-08-30

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   28.10.08 8:42

Fala Emilija, ke probam so vestacki solzi, makar sto mislam deka ako se za 12 casa, ne e vo red da gi nosam poveke. Okoto ne dobiva dovolno kislorod od lekata, pa ako bide zatvoreno cel den, mozam da zamislam kolku se maci.
Вратете се на почетокот Go down
Emilija
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 2700
Age: 37
Локација: Скопје
Расположение: со тројцата мускетари
Поени: 11854
Registration date: 2008-07-11

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   28.10.08 8:44

Нате мене не ми сметале никогаш а сум ги носела долго дури подолго и од 18 часа на ден, кога патував некаде ми се случувало и да придремам со нив.

Точно, во право си, подобро да не го мачиш окото ако ти смета.
Вратете се на почетокот Go down
ZeleniCka
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 1718
Age: 27
Локација: Лаблана - Крањ :(
Расположение: Кул
Поени: 11405
Registration date: 2008-08-15

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   28.10.08 22:44

Јас носев леќи пред 3 години. Не се сеќавам од која марка беа знам само дека беа полутврди. Убаво ми беше, ги носев скоро 2 години секојдневно но после некако ме фати мрза да ги одржувам, па и да ги ставам на мене. Полесно ми е стави наочарите и шибај Smile))))
Вратете се на почетокот Go down
http://www.igranazborovi.blogspot.com/
Janaxxxx
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 1005
Age: 31
Локација: Nekade po Evropa!
Расположение: Ubavo
Поени: 10903
Registration date: 2008-11-02

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   03.11.08 0:50

E ova sega prv pat go slusnav deka vo bremenost ne se podnesuvale leki. Jas nosam 10 god leki i super mi e naocari nosam samo navecer i nasabajle koga sum doma, inace nosam meki leki marka Fresh Look vo boja i diopter i se mesecni znaci 30 dena mada jas gi nosam poveke skoro 2 meseca mada nekogas i pomalku od 1 sve zavisi koga kako ic ne mi e tesko toa mi e navika kako zabi mienje nasabajle i navecer rutina. A koga vi se umorni ocite i mene mi se desava mozete isto i so sredstvoto so gi cuvate lekite da si stavite kako kapki mene super mi pomaga vestackite kapki mi se nekako mnogu kako vodicka i odma pak mi se se susat neznam kaj sekoj razlicni. Inace imam edna drugarka pravese laserska opreacija vo Sveti Vid vo Belgrad i sega i e super vika kako da e preporodena da ne moras da mislis na leki naocari stvarno e super i rece deka bilo bez nikvi bolki itn osven malku glava ama nisto strasno.
Вратете се на почетокот Go down
ZeleniCka
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 1718
Age: 27
Локација: Лаблана - Крањ :(
Расположение: Кул
Поени: 11405
Registration date: 2008-08-15

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   03.11.08 0:52

Jas razmisluvam za laserska operacija, no znam deka treba da se ispolnuvaat nekoi uslovi (starost, pa mislam deka 2 god ne smee da ti e smenet dioperot i sl) i seuste nisto ne sum resila... A i skapa e dodusa, treba pari.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.igranazborovi.blogspot.com/
Janaxxxx
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 1005
Age: 31
Локација: Nekade po Evropa!
Расположение: Ubavo
Поени: 10903
Registration date: 2008-11-02

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   03.11.08 0:54

Da ama prvo treba da odis na pregled i oni te ispituvaat sve ti kazuvaat dali mozes ili ne t.e. dali ke imas podobruvanje i kolku ke bide toa. I znam deka vikaat ne lazele ako ne moze ne moze ne samo da ti gi zemat parite
Вратете се на почетокот Go down
ZeleniCka
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 1718
Age: 27
Локација: Лаблана - Крањ :(
Расположение: Кул
Поени: 11405
Registration date: 2008-08-15

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   03.11.08 0:56

A kolku pari e da ne znaes? Otprilika barem? Jas znam deka bese okolu 1200 evra na oko.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.igranazborovi.blogspot.com/
Janaxxxx
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 1005
Age: 31
Локација: Nekade po Evropa!
Расположение: Ubavo
Поени: 10903
Registration date: 2008-11-02

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   03.11.08 1:04

mislam deka e od 800 do 1000 evra od oko i prviot pregled i sekoja naredna kontrola e po 100 evra
Вратете се на почетокот Go down
bella*
Ветеран
Ветеран


Female
Број на мислења: 699
Age: 32
Локација: Skopje
Поени: 11248
Registration date: 2008-06-27

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   03.11.08 13:52

Јас сум носела единствено козметички леќи во боја, од fresh look, dobri bea , a i ne se skapi 1600 denari
Вратете се на почетокот Go down
Silvija
Случаен минувач
Случаен минувач


Female
Број на мислења: 54
Age: 32
Локација: skopje
Поени: 11635
Registration date: 2008-03-18

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   18.11.08 10:29

Јас носам меки леќи веќе 8години но не постојано.Кога сум дома си носам наочари правам пауза.Инаку на почетокот кога ги земав ми праве диапзитиви(мислам дека така се викаше).Ме чешаше окото и неможев да ги поднесам и тоа само на левото око,па затоаод 1,5 рок на траење зема од оние што се менуваат на 3 месеци.Во бременоста немав никаков проблем се си беше нормално.Сега веќе ги носам и дома зашто Матеј ми ги скрши наочарите
Вратете се на почетокот Go down
draganaskopje
Редовен посетител
Редовен посетител


Female
Број на мислења: 175
Age: 28
Локација: Skopje
Поени: 10008
Registration date: 2009-03-14

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   05.04.09 13:02

Јас леќи носам уште од прва средно и имам поприлично искуство со нив. Беше смешно првиот пат кога требаше да ми стават леќи во ординацијата едвај успејаа зошто рефлексите на очните капаци не можев да ги исконтролирам. А кога требаше моите први леќи да ги ставам не успеа сестрата и морав сама хехе Од тогаш до сега носам леќи задоволна сум но со претпоследниот пар леќи не бев задоволна. Се дотогаш носев меки леќи и низа на проблеми ми се направија со тек на времето а за сето тоа сметам дека најодговорна беше докторката која ја започна својата (не)грижа кон мене одкога јас не ги купував леќите од местото каде што таа ме испраќаше. Во глобала бев задоволна се додека не почне да инсиситира на тоа од каде да купам леќи а исто така не врши компјутерски преглед туку само со класична апаратура. Инаку за таму е потребен упат од матичен лекар + син картон + 50ден. Сега веќе некое време одам кај Доктор Благоја Стојановски, приватна офталмолошка ординација веднаш до гимназија Јосип Броз Тито. Доколку отвориш картон кај нив прегледот исто ќе те чини упат од матичен лекар + син картон + 50ден. Тука се врши и компјутрски преглед и презадоволна сум барем засега и сум многу среќна дека го пронајдов. Сум слушнала за ординацијата Визија дека има пофални зборови, немам искуство. Тие работат само приватно и преглед мислам дека е 800ден.
Мене лично, Доктор Стојановски направи да се препородам... сега носам полутврди леќи кои се дефинитивно адекватни за мене а гледам подобро од било кога. Ви го препорачувам на сите!
Вратете се на почетокот Go down
draganaskopje
Редовен посетител
Редовен посетител


Female
Број на мислења: 175
Age: 28
Локација: Skopje
Поени: 10008
Registration date: 2009-03-14

ПишувањеПредмет: Нешто повеќе за контактните леќи   05.04.09 13:10

Нешто повеќе за контактните леќи ...


Дефиниција

Контактните леќи се тенки заоблени пластични дискови специјално дизајнирани да ја прекриат очната корнеа (пределот кај црнката) односно фронталниот дел на окото. Контактните леќи обезбедуваат сигурен и ефективен начин за корекција на видот доколку се користат со внимание и соодветна нега. Тие нудат добро алтернативно решение за очилата, се разбира зависно од вашето око и вашиот начин на живеење и секојдневие. Само во САД повеќе од 24 милиони луѓе носат контактни леќи.

Симптоми

Контактните леќи се користат за корекција на одредени состојби кои се корегираат со помош на очила:

* миопија (myopia) или кратковидост
* хиперопиа (hyperopia) или далекувидост
* астигматизам (astigmatism) или искривено, изопачено гледање
* пресбиопија (presbyopia) или потреба од бифокални помагала

Специјално обоени контактни леќи се користат за да се направи промена на бојата на окото до различен стадиум.

Контактните леќи понекогаш се користат и терапевтски при разни очни болести кога се добива матен вид.

Здравјето на вашето око треба да ви е главна грижа. Соодветен очен доктор односно офталмолог ќе ви помогне да одберете и да одлучите кој тип на контактна леќа најмногу му одговара на вашето око па и на вашиот стил на живеење. Најдобро е да одберете добар специјалист кој има доволно искуство и знаење за и околу употребата на контактните леќи.

Типови на контактни леќи

Во денешницата достапни се повеќе видови на контактни леќи. Типот на контактната леќа се одбира зависно од вашата лична состојба на окото. Вашиот офталмолог во консултација со вас ќе ви помогне да се одлучите за еден од следните типови на леќи:

* Непропустливи PMMA контактни леќи: Непропустливите или "тврди" контактни леќи се првите леќи кои се произведени. Прв пат се произведени во 1960 година. Материјалот од кој се направени е еден вид пластика наречена PMMA (polymethyl methacrylate), материјал кој е многу долготраен но не овозможува проток на кислород до окото односно до корнеата. При трепкање оваа леќа се изместува со што се овозможува кислород да допре до окото со помош на солзите кои ја допираат корнеата. Овој вид на леќи се најмалку комфорни и денес веќе скоро и да не се употребуваат. Сепак постои одреден број на луѓе кои сепак го преферираат овој вид на леќа поради нивната долготрајност и пониска цена.



* Гас-пропусни контактни леќи: Овој вид на контактни леќи се уште познати и како RGP. Тие се понова и посовремена изработка на тврди леќи кои се изработени од пластика во комбинација со неколку материјали како што се силиконот и флуорополимери кои дозволуваат пропуштање на кислород директно низ леќата до окото. Токму поради оваа причина тие се наречени гас-пропусни леќи.



* Меки контактни леќи: Овие леќи се изработуваат од пластични материјали кои се соединуваат со вода. Таа особина нив ги прави да бидат меки и доста флексибилни и исто така допуштаат кислородот да доппира до окото. Денес во светот одприлика 2/3 од популацијата која носи контактни леќи, носи меки контактни леќи.



Постојат повеќе видови на меки контактни леќи:

- меки контактни леќи за продолжено носење (extended wear contact lenses) кои може да се носат преку ноќ и се дизајнирани да траат од 2-4 недели.

- дневни контактни леќи (daily disposable contact lenses) се контактни леќи кои се носат преку ден а потоа се оставаат во раствор за депротеинизација и прочисување преку ноќ а наутро повторно се спремни за носење. Овој тип на мека контактна леќа иако е поскап, сноси голем ризик за довивање на инфекции.

- торични контактни леќи (toric contact lenses): вршат корекција на умерен и не толку изразен астигматизам. Овој тип на леќи покрај што се достапни како мека леќа, достапни се и како тврда леќа.

Генерално кажано, контактните леќи би требало да се вадат од окото пред легнување за да се избегнат ризиците од разни инфекции или пак ризикот да се створи неподносливост на контатни леќи.

Кои се ризиците?

PMMA контактните леќи е повеќе веројатно да ја изгребат корнеата на окото доколку оваа леќа не лежи соодветно во окото или пак доколку се носат кога се спие. Исто така овој тип на леќи е многу поверојатно да се измести од корнеата или пак може многу полесно да испадне од окото. Новите изработени контактни леќи се направени така да е намалена шансата да испаднат од окото дури и за време на енергични и силни вежби (на пример спортување). Гас-пропусните контактни леќи и меките контактни леќи сносат пак поголем ризик за добивање на разни инфекции поврзани со носењето на контактните леќи. Тие инфекции можат да предизвикаат помал комфор при носењето, матно гледање и неподнесување на леќите. Затоа се користат посебни раствори за секојдневно прочисување на овие леќи од наталожните протеини кој се најголем предизвикувач на овие инфекции.

Дневните контактни леќи никако не смеат да се носат како да се контактни леќи за продолжено носење. Тоа значи дека преспивањето со нив треба секогаш да го избегнувате и никако не смее да ви премине во секојдневна пракса. Неправилното користење на овие леќи може да доведе до привремено па дури и до трајни оштетувања на ошната корнеа. Луѓето кои носат било каков вид на контактна леќа преку ноќ се многу повеќе изложени на можноста од инфекциски заболувања на корнеата кое е резултат на неправилното чистење на леќата и несоодветната нега. Неправилното преносување на контектните леќи може да предизвика интолеранција за носење на контактни леќи што води до можност окото никогаш повеќе да не е способно да носи контактна леќа.

Гас-пропусните леќи или леќите кои секојдневно се вадат за прочистување се добар избор за некој кој е склон на разни алергии.

Кој НЕ би требало да носи контактни леќи?

Повеќето од луѓето на кои им е потребна корекција на видот можат да носат контактни леќи. Некои од условите кои можат да ве спречат од носењето на контакти леќи се: чести инфекции на очите, склоност кон разни алергии, суви очи, работна околина која е прашлива или нечиста и неспособност за справување и правилна нега за контактните леќи.

Дали контактните леќи се правилен избор за вас?



Дали контактната леќа е соодветен или несоодветен избор зависи од:

* индивидуалните потреби и очекувања
* упорноста и мотивацијата за време на периодот за адаптација за носење на контактни леќи
* придржувањето кон секојдневна правилна нега, дезинфекција и прочистување на контактните леќи
* дијагнози или разни состојби на окото со кои може да ве спречат да носите контактни леќикако помагало за корекција на видот

Како да се грижите за вашите контактни леќи?

* Контактните леќи мора соодветно да бидат писчистени и дезикфецирани кога се извадени од окото за да се уништат бактериите и со тоа да се направи превенција од разни инфекции.
* Одкога ќе се стават контактните леќи, треба убаво да си прочисти садот во кој ги чуваме со млака вода и да се остави да се исуши. Сите контактни леќи е потребно често да се прочистуваат.
* Никако не смее контактната леќа да има допир со усната празнина.
* Никако не смеат да се користат домашни направени раствори за прочистување. Тоа може да води до сериозни инфекции.
* Никако не се обидувајте да стерилизирате контактни леќи.
* Никако не промешувајте различни марки и видови на раствори.
* Било какви капки за очи па дури и оние кои се даваат без лекарски рецепт, можат да да реагираат на сите типови на контактни леќи.
* Изборот за соодветен раствор со кој ќе ги прочистувате контактните леќи направете го со вашиот офталмолог или па барем консултирајтесе со него.

Користете ги вашите леќи соодветно



* Пред било каков контакт со контактните леќи или со окото убаво измијте ги рацете со сапун.
* Никако не ги користете контактните леќи со уште некој заеднички.
* Не ги вадете и ставајте контактните леќи често во текот на денот.
* Не користете или барем избегнувајте користење на контактни леќи поради мода (леќи кои се издаваат без лекарски рецепт) освен ако тие не се одредени и првично ставени од оптометрист или офталмолог.
* Никако не користете контактни леќи кои се нелегално набавени.
* Користете ги вашите леќи онака како што ќе ве советува вашиотофталмолог.

Кога е потребно да се алармира при појавување на разни симптоми

* Доколку чувствувате болка во окото
* Доколку вашето око се вцрвени и е црвено (крваво) повеќе од два-три дена
* Доколку вашето око излачува повеќе слуз од вообишаено
* Доколку вашиот вид се почесто се заматува
* Доколку имате честа потреба да ги чешате очите
Вратете се на почетокот Go down
draganaskopje
Редовен посетител
Редовен посетител


Female
Број на мислења: 175
Age: 28
Локација: Skopje
Поени: 10008
Registration date: 2009-03-14

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   05.04.09 13:11

Често поставувани прашања во врска со контактните леќи ...

Колку често би требало да ги менувам моите контактни леќи?

Во принцип замената и типот на контактните леќи ја одредува вашиот офталмолог/контактолог,според состојбата и здравјето на Вашето око, динамиката на Вашите дневни активности и моделот на леќите.Инаку препорачаното време на носење е варијабилно и зависи од типот на леќата и може да биде од еден ден, еден месец или подолго.Без разлика на типот на леќите, пожелно е доследно да се придржувате до препораките на Вашиот офталмолог и упатствата дадени на самиот производ.

Колку бргу можам да се навикнам на контактните леќи?

Меките контактни леќи се доста комфорни и удоби така да поголем дел од пациентите лесно се привикнуваат по само неколку часови.На некој им е потребно нешто подолго време мегутоа не повеќе од неколку дена. Гас пропусните контактни леќи бараат малку подолг период за адаптација.

Дали контактните леќи можат да се изгубат во окото?

Не. Анатомијата на окото е таква да е невозможно леќата да се изгуби.Единствено леќите можат да се вовлечат под очните капаци и во тој случај потребно е погледот да го насочите во правец на леќата како истата би се центрирала во правилна позиција.

Дали можам да бидам корисник на контактни леќи без претходен офталмолошки преглед?

Пред да донесете одлука да станете носител на контактни леќи препорачливо е да се направи Контактолошки преглед кај Вашиот офталмолог/контактолог како би се утврдила здравствената состојба на окото, би се одредиле точните параметри и типот на леќата, Ви се направи обука како да ракувате со леќите и ви се дадат инструкции како понатака да се грижите за вашите леќи и очи.Со ова би се отстраниле секакви ризици кој евентуално би се појавиле доколку истото го направите на своја рака.

Дали контактните леќи можат да му наштетат на моето око?

Доколку се користат правилно поголем број од лугето можат да ги носат своите леќи без никакви компликации.Успешното носење на контактните леќи зависи и од тоа колку и како се приджувате кон препораките и упатствата дадени од Вашиот офталмолог и оптичар.Често пати промените во очите се случуваат и без посебно изразени симптоми и предупредувања што дополнително може да доведе до несакани компликации.Затоа е препорачливо секогаш да користите проверени и квалитетни брендови на контактни леќи и раствори за нивно оддржување.

Дали има и која е возрасната граница за да се стане корисник на контактни леќи?

Според некои истражувања на неколку врвни институции од областа на оптометријата, дури и децата пред адолесенцијата на возраст од 12години се имаат покажано како доволно одговорни за користење и носење на контактни леќи.Почнувајки од оваа старосна граница се смета дека од истата може да се очекува доверба и способност да ги следи упатствата и препораките за носење и нега на контактните леќи.

Дали е безбедно да ги делиме нашите леки со други?

Не.Во никој случај не е добро да ги делите или позајмувате Вашите леќи на некој друг.Дури и ако се носат од естетска причина,тие се медицински производ и би требало да се носат под контрола на офталмолог.

Дали може да носиме контактни леќи кога спортуваме?

Да.Контактните леки се особено погодни и практични за спортисти
и за сите оние кои живеет динамично и се во постојано движење.Контактните леќи нудат поголема слобода и флексибилност а воедно обезбедуваат и постабилна корекција на видот во однос на очилата. Да напоменеме дека гас-пропусните леќи и тврдите леќи не се добар извор доколку активно се занимавате со некоја спортска активност затоа што веројатноста да испадне од окото е многу поголема кај овие контактни леќи. Затоа тие не се препорачливи за спортисти или луќе кои се доста физички активни.

Може ли да се плива со контактните леќи?

Во принцип не. Препораката на Ciba Vision е да са користат заштитни наочари ако пливате со контактни леќи.Материјалот од кој се изработени леките е пропустлив и може да апсорбира разни хемикалии, микроорганизми и други нечистотиии од водата кои би можеле да ги изиритираат или инфицираат Вашите очи.Исто така леќите можат да се залепат за окото или да испаднат во водата доколку нуркате со отворени очи.Дури и да носите заштитни наочари Ciba Vision препорачува да ги извадите леќите по излегување од водата,темелно да ги исчистите и дезинфицирате пред повторно да ги ставите леќите во очите.

Можам ли да носам контактни леќи ако кај мене е дијагностициран астигматизам?

Да .Постојат леќи специјално дизајнирани за пациенти со астигматизам кои се со малку поголема цена.Често пати ваквиот тип на леќи даваат иста или многу подобра корекција на видот отколку онаа која се постига со носење на очила.За луѓе со астигматизам Ciba Vision ги препорачува Focus Toric-месечни контакни леќи за удобно дневно носење и DuraSoft Optifit Toric-меки контактни леќи за годишна замена.За луѓе со дојагностициран астигматизам често се препорачуваат гас-пропусни контактни леќи кои нудат добар однос на цената и издржливоста за разлика од меките леќи и притоа нудат многу појасен вид.

Можам ли да користам шминка во време додека носам контактни леќи?

Да,меѓутоа избегнувајте леќите да дојдат во контакт со шминката.Настојувајте леќите да ги ставите во очите пред нанесување на шминката.

Можам ли да спијам со моите контактни леќи?

Не е можно да се спие т.е да се практикува продолжено носење со сите видови на контактни леки.За оваа Намена Ciba Vision ги препорачува единствено Air Optix Night&Day-меки силикон хидрогелни леки кој според својот дизајн и високото ниво на пропусливост на кислород овоможуваат продолжено носење до 30 дена и ноќи.Во оваа група се и AIR Optix -контактни леки со висока пропустливост на кислород за продолжено носење до 6 дена.Сепак најдобро е вашиот распоред и време на носење да го одреди Вашиот офталмолог/контактолог.

Како правилно да се грижиме за леќите?

Од потполна важност е правилно се грижите и да је оддржувате хигиената на Вашите леќите.После секое носење важно е леките темелно да се исчистат и да се потопат во свеж раствор за таа намена. На нашиот пазар постои избор од неколку раствори за таа намена а изборот направете го во консултација со вашиот офталмолог.
Тие се лесни за користење и употреба и нудат брзо прочистување и дезинфекција. Најчесто содржат провитамин Б5 кој ја задржува влажноста,ја штити леќата од исушување и ги одржува вашите леќи удобни преку целиот ден. Со нив ќе добиете и специјално направен сад за чување на леќите кој со своите изразени антибактериски својства уште при првиот контакт ги убива сите бактерии и спори кој евентуално ќе дојдат во контакт со вашите леќи.
Вратете се на почетокот Go down
draganaskopje
Редовен посетител
Редовен посетител


Female
Број на мислења: 175
Age: 28
Локација: Skopje
Поени: 10008
Registration date: 2009-03-14

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   05.04.09 13:13

Контактни леќи или очила - што е подобро?

Дали носите очила за корекција на видот? Ако одговорот е да, можеби се уште не сте свесни што контактните леќи можат да ви понудат. Еве една кратка споредба која можеби ќе ви помогне да се одлучите кое помагало за корекција на видот е најдобро за вас. (Многу луѓе ги одбираат обата истовремено).

Постојат многу разлики помеѓу очилата и контактните леќи, но постојат и одредени сличности меѓу нив, исто така:

Обете бараат внимателно ракување и одржување

Очилата мораат да се прскаат со спреј за чистење и да се бришат со посебно крпче неколку пати во тек на денот, додека за контактните леќи се потребни различни степени на грижа, зависно од типот на леќите.

Обете се достапни и можете да си дозволите да ги набавите.

Кога ќе се земе во предвид фактот дека контактните леќи или очилата за корекција ќе ги носите секој ден во тек на вашиот живот, сумата на пари која ќе ја потрошите на нив е многу помала во споредба со било кое парче облека кое го имате во вашиот гардеробер. Имајќи во увид колку се важни за квалитетот на вашиот живот, тие се непроценливи.

Со оглед на тоа што и очилата и контактните леќи имаат свои предности и недостатоци и ако се уште не сте се одлучиле што да изберете, побарајте совет од вашиот лекар специјалист за очни болести кој може да ви помогне во изборот.

Моето лично искуство е доколку сте во можност, пожелно е истовремено да ги имате и обете, бидејќи зависно од ситуацијата очилата и леќите се надополнуваат еден со друг.
Вратете се на почетокот Go down
fibimk
Форумски зависник
Форумски зависник


Female
Број на мислења: 2158
Age: 40
Локација: Makedonija
Расположение: voglavno OK
Поени: 11204
Registration date: 2009-02-25

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   05.04.09 13:57

Jas nosam leki 20 god.Nosev i tvrdi i meki.Od mekite sum pozadovolna.Se poskapi za odrzuvanje,skapi se tecnostite i tabletite za odmastuvanje ali toa e!Sega momentalno nosam naocari ama planiram da zemem pak leki.Nekkao mi se pokomotni.Inaku treba da se pravi pauza,radi infekcii koi kaj nas sto nosime leki se pocesti,pa suvost na okoto...itn.Jas zemav dosega godisni ama sega ke zemam od onie sto se 4 para zaedno,pa se menuvaat na 3-4 meseci.Barem i da fatis infekcija ke frlis samo eden par,pa ke redis kapki i pocnuvas so vtorite!
Imam noseno i 3 godisni sto se spijat so niv od Durasoft,ama veke nema takvi!ima samo godisni se.Ali treba prvo da se ispita kolicinata na solzi kaj oftalmolog za da vidat dali mozes da nosis leki i kakvi!Ako ti s e osetlivi ocite kako mojte i lesno crveneat toga podobro da se zemat od 4/1 koi se okolu 2500-2700 den.Sredstvata znaete 800 den NO RUB formula od baush i lomb,barem jas takvi zemam!
redovno gi mijam,nekogas i dva pati.....zavisi od solzite!
Вратете се на почетокот Go down
draganaskopje
Редовен посетител
Редовен посетител


Female
Број на мислења: 175
Age: 28
Локација: Skopje
Поени: 10008
Registration date: 2009-03-14

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   05.04.09 19:53

Не би се согласила баш дека меките леќи се поефтини. Јас порано носев годишни леќи или повеќе месечни и на годишно ниво ме чинеа околу 50е. Течност едно шише од 330мл за 600 денари (истата течност внимавајте дека во оптиките ја продаваат многу поскапо од аптеките). Овие гас пропусни леќи ги платив дупло поскапо а за нив не користам една течност за чување и миење туку две различни, шампон од 30мл кој чини 600 денари и течност за чување од 120мл која чини исто така 600. Инаку зависи од типот на диоптријата и окото каква леќа е поадекватна, меѓутоа со тврдите се постигнува поостар вид и на окото му е овозможено слободно да диши (гас-пропусни леќи).
Вратете се на почетокот Go down
draganaskopje
Редовен посетител
Редовен посетител


Female
Број на мислења: 175
Age: 28
Локација: Skopje
Поени: 10008
Registration date: 2009-03-14

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   05.04.09 20:10

Внимателно со контактните леќи

Течностите кои се користат за чистење на контактните леќи не се доволно силни за да уништат еден инфективен микроорганизам кој е способен да предизвика ранички на окото, покажа најновото истражување.

Добрата хигиена на контактните леќи е најважна во спречување на инфекции кои можат да доведат до појава на кератитис (воспаление на корнета- површинскиот слој на окото) и до трајно оштетување на видот.

Секој кој користи контактни леќи треба да ги дезинфицира истите потопувајќи ги во раствор преку ноќ. Ваквиот раствор во себе обично содржи моќна хемикалија- водород пероксид.

Како и да е, научниците од одделот за медицинска паразитологија во Виена, Австрија, открија дека конвенционалните раствори покажале слабост кога станува збор за еден инфективен микроорганизам наречен acanthamoeba.

Овој едноклеточен микроорганизам е отпорен поради тоа што може да се развива во два облика активен облик -тропозоит и една неактивна форма -циста.


Отпорна на дезинфициенс

Цистата е многу мрзлива, многу послабо се множи и се покажа дека е многу помалку осетлива на отровите содржани во растворите за контактни леќи.

Австриските научници открија дека по осум часови потопување на контактните леќи, сите раствори успешно ги убиваат трофозоитните форми, но одреден број цисти успеале да преживеат.

Понатаму во истражувањето се наведува дека „двофазните“ раствори кои содржат 0,6% водород пероксид се покажале како најефикасни.

Повеќенаменските раствори кои не содржат водород пероксид имале послаб учинок во уништување на цистите, додека најслаби ефекти покажале еднофазните раствори со водород пероксид.
Вратете се на почетокот Go down
draganaskopje
Редовен посетител
Редовен посетител


Female
Број на мислења: 175
Age: 28
Локација: Skopje
Поени: 10008
Registration date: 2009-03-14

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   05.04.09 20:12

Козметичките леќи се ризични за видот
Најголем ризик од инфекции има кај децата што често си ги разменуваат леќите со пријателите

Трендот да се носат козметички леќи во боја или со определен дезен може да доведе до слепило и до очни заболувања кај тие што ги користат, велат експертите.

Генералниот совет за оптика, регулаторно тело на оптичарите, побарал да се спречи продажбата на козметички леќи без лекарски рецепт. Експертите сметаат дека леќите мора да ги продава регистриран лекар или оптичар или продажбата да се изведува под негов надзор. Денес леќите, кои беа популаризирани од рок-ѕвездите како Мерилин Менсон, се достапни без лекарски рецепт во салоните за бодипирсинг, во продавниците за модни додатоци и на Интернет. Ова се случува затоа што леќите не се класифицирани како медицински помагала, поради што не се "покриени" со закон.

Сепак, советот е загрижен дека продавачите често не им ги даваат потребните информации на купувачите за тоа како треба да бидат чистени и чувани леќите. Со тоа се зголемува ризикот од инфекции, особено кај децата, кои често си ги разменуваат леќите со пријателите. Употребата на контактните леќи се смета за најголема причина за микробниот кератитис, медицинска состојба при која надворешниот слој на окото, рожницата, се воспалува од бактериска инфекција, од габички или амеби. Друга инфекција што може да се рашири поради лошата хигиена на леќите е акантамоебата, која може да доведе до чир на рожницата и до слепило. Постои загриженост и дека леќите влијаат врз перцепцијата на бои на окото и врз оптичкиот вид. Контактните леќи, кои може да се најдат со дизајни како знамиња, тигрови очи и слично, се продаваат по цена од околу 25 фунти, а се проценува дека во Британија ги користат околу 90.000 луѓе.

Дејвид Крег од Асоцијацијата на оптометристи, вели дека постои ризик луѓето да го изгубат видот ако не преземат соодветни мерки за заштита.

- Ако купите контактни леќи во некоја продавница, таму нема да ви кажат дали сте соодветна личност за носење леќи. Ние не велиме дека не треба да ги носите овие леќи, туку дека треба да ги купувате од лице што е експерт за тоа. На крајот на краиштата, имате само две очи и треба што подобро да се грижите за нив - вели тој.
Вратете се на почетокот Go down
draganaskopje
Редовен посетител
Редовен посетител


Female
Број на мислења: 175
Age: 28
Локација: Skopje
Поени: 10008
Registration date: 2009-03-14

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   05.04.09 20:14

Непрекинато носење леќи предизвикува компликации


пример за конјуктивитис

Популарноста на контактните леќи за продолжено носење опаѓа. Тоа најверојатно е поради компликациите од продолженото носење на меките контактни леќи.

Тврдите гаснопропустливи леќи (РГП) за продолжено носење се подобри бидејќи предизвикуваат помалку компликации од меките. Една од причините е и таа што РГП-материјалите овозможуваат поголема пропустливост и спроводливост на кислородот.

Продолжено носење контактни леќи значи непрекинато носење 24 часа, 6 до 7 дена, со пауза од една ноќ, кога тврдите леќи се вадат. Притоа е најдобро пациентот леќите да ги вади во ист ден (секоја сабота). Иако кај РГП-леќите за продолжено носење се јавуваат помалку компликации во однос на меките контактни леќи за продолжено носење, бројот на компликации кај овој тип леќи е поголем во споредба со дневно носење на кој било тип леќи.


пример за конјуктивитис

Затоа вакви леќи треба да носат само пациентите на кои им е тоа неопходно, односно кои имаат рефрактивна грешка на видот или поради професија или хоби.

За да се утврди дали некој може да носи вакви леќи потребно е да се знаат причините за продолжено носење, историјата за претходно носење контактни леќи и историјата на општата здравствена состојба на пациентот. За несоодветен кандидат се смета тој што сака такви леќи само за да заштеди време потребно за одржување и ракување со леќите.

Тој што имал компликации со дневно носење на РГП-леќи, веројатно ќе има уште поголеми компликации со продолженото носење. Спротивно на тоа, на пациент на кој не му одговарале меките контактни леќи за продолжено носење може да биде добар кандидат за РГП-леќи, особено ако причините за неуспехот биле наслагите на леќите, голем папиларен конјунктивитис, корнеален едем или слаба острина на видот.

Другите компликации, сувоста или лепењето на леќите, само ќе се зајакнат со леќите за продолжено носење.

Сите пациенти што носат леќи би требало да имаат резервни очила во случај на итни компликации.

Некои професии или хоби го зголемуваат ризикот при носење на контактни леќи. Такви се острење, автомеханика или во средини во кои има хемиски испарувања.

Пациенти со системски заболувања како што е дијабетесот не се добри кандидати. Исто така, бременоста често влијае на солзната обвивка, правејќи ја погуста, со поголеми наслаги.

Во лекови што ја менуваат солзната обвивка, при што доаѓа до сушење на окото, спаѓаат антихистаминиците, антихолинергиците, средствата против анксиозност, фенотиазините и оралните контрацептивни лекарства.

При алергии пациентот не смее да носи леќи. Пропустливоста на кислород на РГП-леќите е одредена со нивната ДК-вредност, а таа се движи од 40 до 92 ДК-вредности за одредени производители. Освен тоа, важно е да се сфати дека за секоја рожница е потребно различно количество кислород. Затоа треба да се истакне дека РГП-леќи за продолжено носење никогаш не треба да се носат непрекинато, без да се направи пауза од една ноќ. Пред да се стават, потребно е комплетно тестирање, дијагностичко поставување на леќите, чести прегледи и соработка меѓу пациентот и лекарот. Тоа ќе му овозможи на пациентот со уживање да ги носи контактните леќи со продолжен режим.


Последната промена е направена од draganaskopje на 05.04.09 20:18. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
draganaskopje
Редовен посетител
Редовен посетител


Female
Број на мислења: 175
Age: 28
Локација: Skopje
Поени: 10008
Registration date: 2009-03-14

ПишувањеПредмет: Re: Контактни леќи   05.04.09 20:17

Медицинските контактни леќи - надеж за детскиот вид
Доминантна и најважна индикација за примена на контактите леќи е кога природната леќа е извадена со операција

Примената на контактните леќи кај децата е исклучително важен проблем бидејќи индикациите за примена кај деца не се никогаш од естетска природа, туку секогаш од терапевтска.

Индикациите за примена на контактни леќи кај деца во основа не се разликуваат од тие кај возрасните. Разликата е само во тоа што некои од овие индикации имаат посебно значење и поинаква димензија во детската возраст.

Доминантна и најважна индикација за примена на контактите леќи кај децата е афакијата (кога природната леќа е извадена со операција). Таа индикација посебно добива важност ако се има предвид ставот на офталмохирурзите дека вродената катаракта треба да се оперира најдоцна до крајот на првата година и дека инциденцијата на трауматската катаракта е во пораст. Тогаш контактните леќи се императив во рехабилитацијата на видот и превенција од слабовидоста. Со т.н. ултратенки меки контактни леќи за континуирано носење, што може да се стават кај дете оперирано од вродена катаракта, многу рано по операцијата почнува борбата против слабовидоста. Тука треба да се споменат и меките бифокални контактни леќи, кои се направени така што со нив се врши корекција на видот на далечина, но и на близина, што е од исклучителен придонес бидејќи кај пациентите со афакија не постои акомодација.

Анизометропијата - нееднаквост на диоптриите на двете очи, посебно ако е поголема од три диоптрии, е исто така апсолутна индикација за контактни леќи кај деца, бидејќи стереоскопскиот вид и борбата против слабовидоста е можна само со нивна примена.

Посебна успешност контактните леќи имаат кај т.н. ирегуларни астигматизми (поствоспалителни, посттрауматски, постоперативни). Се препорачуваат и кај кратковидоста, кај која се постигнува подобрување на големината и на квалитетот на сликата, нормализирање на ширината на видното поле, активирање на акомодацијата и евентуално забавување на прогресијата на кратковидоста.

Нистагмусот (неволно треперење на очното јаболко) е важна индикација за контактни леќи. Значајно е дека, освен подобрување во острината на видот, кај нистагмусот се постигнува и намалување на треперењето.

Треба да се спомнат и тераписките контактни леќи кај повторувачки гребеница, дефекти на епител, хемиски повреди, како и кај малку перфоративните рани на рожницата. Меѓутоа, и покрај големото значење, постојат многубројни и големи тешкотии при одредувањето и аплицирањето на контактни леќи кај деца, бидејќи секој лекарски преглед предизвикува страв кај детето.

Затоа, еден од најзначајните елементи е разговор со родителите и воспоставување доверба. Може да се рече дека е можно да се ординира контактна леќа само кај она дете што е однапред добро подготвено и мотивирано за носење контактни леќи, а тоа налага и голема соработка со родителите. Оваа помош има посебно значење кај помали деца од 8 години. Родителите мора да бидат целосно убедени во корисноста и безопасноста на контактните леќи за окото на нивното дете. Ова посебно се истакнува затоа што се уште постојат голем број родители што имаат сосема конзервативен пристап и сфаќање за контактните леќи и кои со недоверба ги носат децата на преглед. Родителите мора да присуствуваат на прегледот и да вложат труд и време за да ја совладаат техниката на ставање и вадење на леќите, нивно одржување, затоа што децата најчесто не се способни тоа да го прават сами.
Вратете се на почетокот Go down
 

Контактни леќи

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Родители и деца ::  :: -